Знам дека е забрането цитирање, ама модератори, простете - денес јас славам! [QUOTE="Sejfullai, post: 4867697, member: 133304] Уствари едино нешто шо го заслужуваш е да ти се погоди некоја кучка, што ќе те манипулира, лаже, вара, искористи и на крај ќе те остави и ќе те плукне. Е, таква да ти се погоди. Откако ќе ти го направи тоа ќе ја частам. [/QUOTE] У нова врска бе а, срц? Скокаш од цвет на цвет ко пчелче некое а? Аи милиот тој, сега научил да изразува емоции. Не викам дека не бев повредена кога ми кажа дека имаш девојка, дека ти напраила да се осеќаш подобро од што јас било кога сум направила, дека е најубавото нешто што си го видел. Особено не откако почна да ми даваш надеж пак, откога почна да ми изразуваш чувства пак. На 3 јули ми викаш ме сакаш, на 18 јули веќе имаш запознаено нов човек кој ти го мења животот и ја сакаш повеќе и од мене и од другата бивша. Ако, ако. Стварно не знам шо потреба имаше да ми го кажеш тоа. Дали продужи со деталите пошо виде дека неам реакција сум комплетно смирена? Или стварно го осеќаш тоа за чоек шо го знаеш 2 недели. Па за позрел те мислев бе. Ама како ти се погоди новавааа, па ти не си сам уште свесен бе Си имам јас мој ФБИ агенти, сѐ си дознав што требаше. Уф, уф, уф, ко нарачана ти дојде. Баш ко од клетвата горе што сум ти ја фрлила на 25 март (доказ дека работат клетвиве, кој е заинтересиран - иМбокс )
Прекрасно си поминавме. Заедно на викенд, сами. Далеку од сите. Без никој да ни пречи. Се мачевме, седевме 2 години по дома сега дојде наш ред да шетаме. Ќе биде се во ред. Само нека продолжи овој мир. Те сакам најмногу на цел свет, никогаш не го заборавај тоа.
Се сеќавам на нашиот прв бакнеж, на струјата од емоции која протече низ мене во моментот кога ги споивме усните. Се сеќавам дека се тргнав во истиот тој миг, бев во шок, никогаш не се имав почувствувано толку живо и исполнето, но во исто време и збунето. Се сеќавам и како после една секунда те гушнав, повторно се бакнувавме, но тогаш дозволив таа струја да протече и да ја оживее секоја моја клетка. Нешто ми кажуваше дека ти си тој вистинскиот
Предобар си,културен,фин,бескрајно нежен ама не си за мене. Многу ми е криво за синоќешниот испад од мојја страна,што ти кажав дека на моменти чувствувам дека не си доволно заинтересиран за мене(што не е вистина). Минатиот викенд запали кола и дојде до Битола само да ме видиша јас идиотка не знам да ценам ниту да се израдувам како човек....Прости ми... Извини ама не сакам ни моиве да те запознаат,мислам дека вака е најдобро. Заслужуваш девојка што ќе знае да те сака најмногу на свет,да ти се радува.... Извини,не заслужуваш вакво неблагодарно суштество како мене...Фала му на бога има и нормални девојки на овој свет...
Јас стојам зад тоа што го направив. И не. Не ми е криво. Секој си го знае местото.Знаеме кој на што е. А бев спремна се да прифатам. Само да го преживеам утрешниот ден. Ќе биде многу полесно.И за двајцата.
Ме уништи твојата недоверба. Не знам веќе како да постапам спрема тебе за да се свестиш дека ни ја уништи врската.
Те сонував вчера. Ми дојде на сон и се беше толку убаво. А знаеш ли колку време се трудев да не мислам на тебе и полека да те заборавам. Пробав и да те замразам откако те видов со неа. Те видов после толку време успеав да соберам сила и да те поздравам. Ама после ова како да ми се вратија за момент сите чувства за тебе. Ме боли и мислам дека засекогаш ќе ме боли можеби пропуштената прилика да бидаме заедно. Само сакам што побрзо да помине.
За миг престанав да те гледам како што те гледав порано. Помина и ова. Успеа да уништиш се. А јас пак успеав да се извлечам.