Толку многу имав да ти кажам денес, ама немав прилика за тоа. Има многу работи што не сакав да ти кажам дека се случија, а треба да ги знаеш.
Те сакам. Едвај чекам да ми те видам и да се будам покрај тебе, изгледа далеку тој ден ама ке дојде бргу
Не сакам последниот разговор да ни е „ај заврши ми една работа, фала“ и спуштена слушалка. Знам дека не сакаш збогувања, ама сум заслужила барем толку да ме испочитуваш и како луѓе да се разделиме.
Можеби животот ќе ни ги раздели патиштата на многу различни страни и уште еднаш нема да те видам, но само би сакала барем да разговараме за она што се случи, намалувајќи ја непотребната тензија.
Времето шо го проаѓам мислејќи на тебе, времето шо сум го прошла заедно со тебе, времето шо сум го прошла пишувајќи со и за тебе, да го посветев учејќи некој предмет, проучувајќи нешо ќе станев магистар на науки.
Можда се караме и 'рчкаме за глупости. И сме имале секакви фази. Ама во моменти како овие, знаеме колку се сакаме.
Не знаев колку длабоко закопана во меморијата ми останала песнава и колку емоции собрала, кога почнав да си ја потпевнувам пред некој ден. Ми требаше време да ја најдам, да си ја ислушам и да ме успокои. Едно слушање и беше доволно. Thanks for all you've done.