Не знам баш, но мислам дека чувствувам пеперутки кога мислам на тебе. Само да не си уште едно разочарување. И да, сладок си, ама никогаш нема да ти го кажам тоа.
Често ја слушам песнава и ме потсетува на тебе. Се сеќавам на убавите моменти и на силната привлечност кон тебе. Копнеев по секој допир,бакнеж...момент. Судбина,би рекла. Живо битие сум, би го вратила времето,би си сменила тактики и ќе ти кажев се. Премолчев многу.
Кога ќе видам слика од вас не можам бе да не си помислам, "Што ми фалеше мене?". А пази, свесно знам дека бев добра за тебе, дури и не ме заслужуваше од што толку многу бев добра за лик како тебе. Не можам а да не скршам дел од мене кога ќе помислам дека сите 10 години само си ме залажувал. Многу јака емоција чувствував секогаш кога беше во мое присуство, зарем е можно да е лага тоа? Не можам да те заборавам затоа што имам прашања милион на кои никогаш не ми одговори. И мислам никогаш нема да ми ги одговориш, а мене цел живот ќе ми тежат.
До типот што "ми ја прелеа чашата" сношти: Нема ти мене да ми поставуваш правила, што смеам а што не смеам! Ова е 21ви век, и јас сум си феминистка по душа. Голема грешка, дечко!
Претходно се чувствував недоискажано, секогаш постоеа некои нешта кои сакав да ги кажам но не пронаоѓав начин или прилика и сеуште е така, но наместо потреба да му кажам ствари сега се што би сакала е да му поставам прашања и да добијам одговори, дури потоа можеби би му кажала некои ствари. Не верувам дека ќе постои прилика ни за едното, ни за другото, а најверојатно е и подобро да нема.
Цела е за тебе... ќе ти ја пратев кога раскрстувавме целосно... ама бев толку парализирана што не можев ни Јутуб да отворам. Жалничко. It hurts to set you free. But I know you’ll never follow me.
Многу си ми смешен што скришно си љубомориш зошто колегата ми даде комплимент за новата фризура. Знам дека посебно те "нервира" он. Те замислив дур си седите со другар ти као го хејташ нервозен така иако тоа не е твој стил ама ете у глава смешно ми дојде. Јас само тебе те сакам.
Понекогаш мислам дека си предобар за мене толку многу се грижиш за мене и се правиш а јас знам да бидам толку неблагодарна и да во право си понекогаш знам да сум доста злобна. Ама стварно многу те сакам иако знам на моменти да претерам .. Фала ти што и покрај се си со мене . Те сакам најмногу ,нема подобар дечко од тебе.
Ти не можеш да ме спасиш. Хаосот околу мене со години трае. Ужасот што го доживеав не е од вчера. Сакам да можам да ти верувам. Сакам да те гледам без страв. Ама не можам.
Фала ти што ме чуваш како кралица и не сакаш ниту влакно да ми фали, ми докажуваш дека ме сакаш повеќе од се на светот... Дечковците како тебе се голема реткост, а јас имав среќа да те најдам баш тебе
Знаеш колку една ебена ситница може да ме направи среќна... ама фала што се "потруди" да не ја направиш!
Не ти требаше сево ова. Ме збуни 1000%. Не знам веќе што да мислам. Ама џабе е што и да речеш, пак ќе немам доверба во тебе.