Некогаш не можам да се наситам од твојот глас. Колку и да зборувам со тебе ми е малку, сакам уште и уште. Толку сладок глас имаш
Дали стварно ти се налутив зошто не постапи како што очекував? Т. е. како сите што очекувавме? Како што секој би постапил веројатно. Дали ме разочара со постапката? Апсолутно. Зашто очекував поддршка, безрезервна. Очекував да ми кажеш нешто, збор за утеха на кој немаше да се сеќавам денес, ама во тој момент ќе ми значеше. Повеќе болеше што сите ми го потенцираа тоа, дека не се јави, дека не ме побара. Дека без збор ме остави или само простор ми направи. А дека ми горчеше, пелин беше. После 7 месеци комуницирам со тебе како ништо да не било, ни оној ден, ни тие пред него. Комуницирам како што сакаше да комуницирам и кога бевме и психички интимни. Ко божем животот ни е смешка, па вечно ќе се смееме. Смеј се љубов, најди некоја што ќе те засмејува, зошто мене животот ми е крива линија. Угоре високо, удоле длабоко, ме врти како му е ќеиф.
10 дена како немам зборено со тебе. Се осеќам како наркоман некој, ко чоек шо иде на поддршка у Алкохолик Анонимус и му даваат жетонче за 1 недела/месец итн како потсетник за колку долго е без дрогата и да си се мотивира. Шо зависнички мајндсет имам, пу бре. Ко од хероин да се одвикнувам, не од тебе. Цел живот таа недела мизерија ќе ми остане врежана во мозокот. Ти ебам манипулаториштето. Ај бар среќен си вака, ако ништо друго.
Не можам да разберам како некој можел тебе да те остави и да те повреди. На почеток ми личеше дека си ептен совршен и дека не е можно да е ова реално, а поминаа и 2 години и уште се со тебе ми е како бајка, секој ден е се поубаво. Ама ми направиле услуга што те оставиле, сега си мој и јас никогаш нема да те оставам. Вакво совршенство како тебе се гушка силно и не се пушта. Ми недостигаш и едвај чекам да се вратам дома и да те видам љубов.
Ми фали главоболката причинета од сонцето и твоето зборење без престан. Ај заедно да се пржиме на сонцето.
Како бе после толку време ќе се сетиш дека постојам, ќе ме изгледаш од глава до пети, ќе дојдеш да ме гушнеш и бакнеш блиску усните? Остави тоа, имаш долга врска, колега си на мојот брат, како? Одамна помина мојот интерес за тебе, мноооогу одамна, ми беше детска љубов, тогаш не ме приметуваше а сега ќе се истепаш за да дојдеш до мене. Не другарче, батали, не сум заинтересирана. Биди среќен што нема да му кажам на брат ми. Бтв, уште си истиот згоден тип.
Животот е понеκогаш таκов...малκу баρа а, многу дава. За неκои нешта тρеба навистина да се потρудиме и да ги заслужиме. Таκа е со се во животот. Пρијателството се гρади со години може за сеκунда да се уништи. Тρудољубивоста оκолу дадена личност ќе има позитивен фидбеκ. Убаво нема.
Баш ваков те сакам! Не можам ни да опишам какви емоции ми предизвикуваш и што се сум спремна да направам за да те видам насмеан.
Ги сакам сите твои мали гестови, специфични мимики и оној посебен начин на кој се смееш. Го обожавам начинот на кој ме правиш најсреќната девојка на светов. Толку лесно, без напор и на моето лице црташ насмевка. Ми го исполнуваш срцево... Те љубам
Последен пост за тебе тука. Последен. I’ve had more than enough. Преку курот. Не вредиш доволно да трошам мозочни клетки да размислувам на тебе, а не пак да пишувам. Не вредиш да трошам мастило, хартија и батерија пишувајќи за тебе. Искрено? Не ми фалиш. Можеби идејата, сликата која ја имав креирано за тебе ми фали кога ми е досадно, ама ти, не. Ти си ѓубре. Ти немаш емоции. Ти користиш луѓе како алатка да добиеш што сакаш. И затоа те мразам. Не знам дали тебе уствари или сама себе пошо си дозволив да ми се деси ова. Ама за љубов - немам веќе према тебе. Умре мојата љубов за тебе. Изгасна. Ти ја изгасна. А за што правиш, каде си, со кого - веќе ми е сѐедно. Никогаш не сум се осеќала вака. Се чувствувам послободна и повеќе своја од било кога, и други луѓе почнуваат да приметуваат. Сите убави спомени со тебе веќе бледнеат, или само не можам да се сетам на нив - интересен начин на мозоков да се справи со ситуацијата. Ама знаеш кои спомени ги памтам со тебе? Сите гадни ствари кои ми ги имаш направено, дури ми е срам тука јавно да ги споделам. Ми текнува на моментите кога се чувствував убаво; ама, поизразени се моментите кога срцево буквално ми се кинело на парчиња ради тебе. Ми текнува на моментите кога ќе дојдеше да ме гушнеш од нигде никаде; ама поизразени се безбројте моменти кога си бил пасивно агресивен и си правел сѐ за да се осеќам лошо, а со тоа тебе егото да ти се напумпа, гледајќи колкава моќ имаш врз мене. Ми текнува на моментите кога загрижено ќе ме прашаше како сум; ама,.. во срцево ми е изделкана една од нашите последни конверзации, каде што ти кажав дека со моменталната состојба не смеам да си дозволам да бидам сама, а ти ми рече - не ми е гајле, никој не може. Биди сама. Не те сакам. God knows дека немам трошка љубов за тебе веќе. Ама ете, уште имам лутина во себе бидејќи не бев третирана праведно. За неправдиниве нема јас да ти вратам - не ти враќав ни кога требаше, ете немам такво срце јас. Не сум таква, за разлика од ти, кој буквално уживаше да гледаш како страдам. Ама, ќе ти врати некој друг. А мене нема ни да ми биде гајле, затоа што дотогаш ќе бидеш само избледен спомен. Чао сега засега. Доволно беше. Стварно беше доста.
This world is getting colder, strangers passing by No one offers you a shoulder, no one looks you in the eye But I've been looking at you for a long, long time Just tryna break through, tryna make you mine Everybody wants a flame, they don't want to get burned Well, today is our turn…
Изморена сум.. ќе ставам крај. Ти благодарам што беше тука за мене изминативе две години. Ќе ми биде тешко, ама ова нашето не води никаде.. Прекрасна личност си, заслужуваш се најдобро.
Опет би с тобом исто јер живот није равна линија... Многу пати ми суделе луѓето за тебе, сме имале многу падови, искушенија, глупости, но сме преживеале сѐ. И да се вратам на таа ноќ во август 2016 година нема да се двоумам ни толку колку што се двоумев тогаш, туку веднаш би прифатила да повториме сѐ. Ти ме направи ова што сум денес, поради тебе одам само напред и нагоре. Ти си многу повеќе од љубов.