5 месеци откако сме разделени и за жал сеуште не можам да престанам да мислам на тебе. Дали знаеш дека некаде длабоко во мене уште постои мала надеж дека еден ден ќе посакаш да ми се вратиш? Сирота јас, колку сум очајна и бедна, не можам да се поднесам самата себе, а не можам ниту да си помогнам. Се забавуваш, се дружиш, целиот среќен и насмеан небаре немаш ниту една грижа на светот. А јас? Што правам јас во меѓувреме? Епа вака, опседната сум со тебе, не само што те мислам по цели денови и те сонувам секоја вечер, туку и изигравам дтектив по социјалните мрежи и штом дознаам дека си во близина веднаш се појавувам пред тебе. Немам зборови со кои можам да ја опишам тагата и болката што ја чувствувам додека гледам колку ти е ПРЕубав животот без мене, кога гледам како го игнорираш моето присуство и моето отсуство. Ништо не е променето, ниту болката што ја чувствував првиот ден кога ме остави ниту пак љубовта. Што ме тера да те сакам толку силно и после се, не знам, само сакам да знам дали понекогаш и ти мислиш на мене, дали и ти со погледот ме бараш во толпата, дали поскауваш да ми се јавиш и да пишеш или едноставно му благодариш на бога што повеќе не сум во твојот живот. п.с. Додека ти се забавуваш таму некаде јас сум будала што во 3 часот си ги искажува чувствата по форуми...
Толку долго те немаше да се избациш со нешто, па скоро и те заборавив. Али денешниов кикс, ДНО ДНА. Не знам па и шо ти придавам толку значење, не вредиш ич.
Да шетаме по кеј,да јадеме сладолед,јас цела да се накапам и да ми речеш : Боже свашта,со женска ли сум со дете ли сум излезен !?
Ја видов месечината и се потсетив на тебе. Овој период пред 5+ години легнати на плажа ја слушавме песнава додека заедно се гушкавме .
Не сум сигурна дали сакам онака целосно и засекогаш да те избришам од животот. Многу ми е убаво кога потсвесно знам дека си тука некаде, не знам како да опишам ама го чувствувам твоето присуство. Требаше и да знам дека ќе те видам вчера, само не посветив доволно внимание на знаците што укажуваа на тоа. Посебно вечерта пред тоа сабајле, не беше можно до толку се да асоцира на тебе. Имаме ние двајца некоја чудна поврзаност. Не знам како на друг начин да ја наречам таа грижа што ја имаме еден за друг и после толку време ама сакам така уште долго да остане. Само биди добар. Те чувам во себе и те гушкам од време на време во мислите
Кога го слушам Саша Ковачевич секогаш се сеќавам на нас двајцата кога за прв пат се запознавме на негов концерт и го започнавме нашиот прв танц и кога срцето јако ми затрепери за тебе....
Епа со ова понашање си купуваш карта за у friendzone у еден правец, имај си убав престој таму. А баш мислев дека нешо може да се деси измеџу нама али цврц. Не. This pussy way too exclusive, sorry.
После толку години уште знаеш мисли да ми читаш. Знаеш после лош ден да ме утешиш и да ми помогнеш да избистрам мисли. Знаеш кога сакам да сум сама со себе, а кога да си тука до мене и да ме разгалиш. После толку време знаеш да ме смееш до солзи и да ми разубавиш ден. Некогаш се прашувам со што те заслужив. Некогаш се прашувам дали си реален и вистински. Те љубам знаеш
Ме изненади, не очекував дека ќе ти е океј вака...мислам, барем мала емпатија да имаше кон ситуацијата.
Можам да те гледам без да трепнам, без да затворам очи ниту за миг, без дури и да дишам. Што ми направи?