Премногу те сакам, премногу. Ама, морам да ставам и некоја граница на оваа љубов, затоа што ако некогаш се разделиме мислам дека нема да можам да се оправам после тоа.
Те молам сакај ме доволно за да ме спасиш од пеколот што го живеам. Јас сама не можам. Не гледам излез. Ти направи го тоа.
Незнам можеби грешам,што давам се од себе,што го жртвувам животот во секој миг,само за тебе и никоја друга,можеби и не грешам,но времето ке покаже,дали е ова све лага или вистина помеѓу нас.
Одамна некој во мене нема пробудено толку детска реакција, толку носталгична емоција. Да бев помала и некој да ме прашаше имаш ли симпатија, баш на тебе би помислила и би се закикотила. Комотно можам да те опишам со тој збор симпатија, во склоп со детското чувство. Одамна ја немам осетено ова потреба да излегувам на место само зашто таму излегува некој што ми се допаѓа. Зошто? За да добијам 3 секунди поглетка во очи, смешни изговори за разменување на неколку збора и скришно набљудување цела вечер. Ама има нешто возбудливо во тоа, како срцето ми забрзува и потоа се топи од она што го гледам , а пеперутките секако не бегаат од стомакот. Среќа што сум свесна дека не ми доликува, па се воздржувам. Ми фали трпеливост.
Памтам кога те запознав и ти дадов лажно име зошто несакав да знаеш која сум... и те лажев цели 3 месеци. Па дента кога признав ми рече Знаев ама чекав сама се да кажеш. А мислев ќе бидеш лут или ќе ме сакаш помалце И дента кога соопштија дека е болна... беше со мене и ми рече Во ред е во ова сме заедно. И бевме до последен ден. И дента кога ми јавиа дека умрела, беше со мене во кола и ме гушна најсилно на свет. И го стори се она што уствари беше обврска на татко ми И онаа ноќ во болница кога губев дел од мене... ми рече небитно е се... само ти биди добро И она утро кога трчав да му помогнам на татко ми... ти дојде со мене иако знаеше дека трчам кон човек кој не ме заслужува И вчера кога скокаше на јаже за да се смеам гласно... И дента кога влезе низ врата со маче.... И пред една недела кога ми рече Не чекај... направи го тоа Ти секогаш беше голем човек Таков и ќе останеш Те сакам мн Девојчињата се среќни се татко како тебе И ќе бидам покрај тебе засекогаш... Во секое добро и во секое лошо....
Од ден на ден, се' повеќе се заљубувам во тебе. И убаво ми е... Се чувствувам како да живеам во некоја бајка, во некој сон, како да немам допир со реалноста. Светла точка си ми, единствената во овие тешки времиња...
Преубаво си поминавме денеска. Не ме интересира ништо на светов освен ти. Ти и нашата иднина ми се мотивација и водилка за се што правам. Колку убави планови и соништа имаме, сигурна сум дека за 10тина години ќе биде реалност се и ќе ни текне на овој муабет и се што посакуваме. Со тебе се е прекрасно, му даде поинаква смисла на мојот живот.
Најмил мој те сакам најмногу на свет Не можам да си го замислам животот без тебе, биди секогаш покрај мене. Ти си ми се! Ти благодарам за се, остани таков каков што си.
Посакувам да беше истиот ти во друго тело. Можеби тогаш сѐ ќе беше поубаво. Вака толку те сакам, а толку си ми одвратен...
И викаш со мене никогаш не е досадно, еднаш дејт на психијатрија, другпат дејт на судска медицина, се чудам како уште си со мене после сите овие трауматизирања што ти ги правам. Фала ти што денеска дојде со мене и не ме остави сама, а и многу убаво си поминавме иако ко некои чудаци се шлаевме рано посабајле. Вчера со тебе, денес со тебе, како во рајот да сум. Ајде сега назад на учење, доста ни беше романтика.
Зошто секогаш доаѓа до моментот да морам да ти залепам се во фаца и дадам ултиматум на некој начин и тогаш да те "воспитам" и да трчаш по мене? Па преку куров ми е веќе, а те сакам стварно како личност, ама некогаш и јас имам граници!
Значи колку дена по ред кукаме за денес да излеземе бидејќи треба од утре сериозно да се спремаме за испити, и добро знаеш дека нема да можеме да се видиме до средина на септември, и тебе ти текнува да заспиеш. Па добро бе, и мене ми се спиеше, едвај очите ги држев отворени ама, не сакав да спијам кога нели можам и треба да излезам со тебе денес. Стварно некогаш постапкиве ти се no comment. Се гледаме за месец ипол, ако не спиеш и тогаш.
Што има врска ако си ме сакал? Зошто се понашаше како дебил околу мене? Знаеш дека имам трауми ради твоите понижувања? Никад повеќе. Да плукаш крв!