Ме повреди. Несвесно веројатно. Не си добар, сакам да бидам до тебе, да дојдам и да ти помогнам. Ама не, не било проблем другарите ти биле поблиску ако требало нешто. Зашто не ми дозволуваш да бидам покрај тебе кога ти требам? Или можеби не ти требам. Кој знае. Инаку ти земав маичка за поклон. Онака, ради реда. Бев јас да си се подновам, па ми текна и на тебе да ти земам нешто. Знам дека нема да ти текне сам да си земеш нешто. Ама ме утепа со постапкава неколку саати покасно. Ќе помине се за неколку дена веројатно. Ќе се скријам деновиве и нема да се гледаме. И онака веќе не се гледаме толку многу. Ми треба време....
Другар си ми, не ми се пикај. Имаш и девојка. Престани со лигавење, и помисли на неа, мене остави ме, одлуката е иста и не се менува.
Не знам дали постои доволно лош збор, кога ќе ми текне - ќе ти го кажам. Никогаш во овие 8 месеци се немам дрзнато да кажам нешто лошо за тебе ама, после се' што направи вчера и се' уште правиш, ги заслужуваш сите лоши зборови што ги знаеш па и оние за кои уште не си ни чул. Не знам како ќе го оправдаш срањево, и дали ќе успееш ако воошто пробаш..
Толку многу работи сакам да ти кажам, но знам дека ниедна нема да ја сфатиш. Не знам како успеавме да го сочуваме ова и покрај толку спротивности. Да, спротивностите се привлекуваат ама само на кратко. За долги стази се катастрофални. И грдо е што ќе сфатиш тоа откако ќе кажеш да. Не знам како да го поправам ова. Не знам како да се сменам. Што уште можам да сменам за да се прилагодам? Се сменив од корен и пак не е ни блиску до добро.. Ќе бидеме ли добро или да го завршиме ова брзо и кратко? Безболно не е. Ама повеќе боли константно да сме под стрес двајцата. Ако те сакам повеќе од себе, и ако ме сакаш повеќе од се, зошто сепак не оди?
Фати ме за рака и поведи ме низ таа темна ноќ. Да не бидам осамена. Да не ме боли. Зошто за нас никако да раздени?
Немам сретнато потрпелив и човек со повеќе разбирање од тебе. Дури нереално ми е, се плашам. Сум научила секогаш да се плашам и да ги земам работите со доза резерва, а некаде потсвесно знам дека со тебе не треба така. Некогаш навистина не знам што сакам од себе, од тебе и со тебе, а некогаш сум сигурна дека ти си тој со кој сакам да го минам животот, ми го имаш покажано и докажано тоа, а пак навистина не знам зошто некогаш се двоумам, се плашам и замислувам поинакви сценарија. Те сакам, знам дека те сакам и дека најверојатно стравот од промени го зборува ова, но засега истиот е посилен од мене. Зошто да е едноставно кога може да е комплицирано, нели?
Невозможно е да бидам лута на тебе kога ќе ме погледнеш со puppy eyes и ќе ми кажеш Don't be mad-y, do me love-y