Знаеш кога ќе ти се налутам како да постапиш цццц мудро се тргаш првин на страна да ми помини лутина, па се умилкуваш. Умот сега ми е кај твоето куче, не кај тебе. Колку е само слатко Него сакам да го видам
Не ми се лути, ама вечерва стварно со никој не ми се зборува.. Сакам малце сама да сум, ми треба мир и тишина.. Остај ме вечерва... Утре пак ќе си биде исто
Заборави на фактот дека сум божица за тебе? Буквално божица, во секоја можна смисла, а особено во физичка? Епа ај потсети се и биди добар и фин како што си беше, пошто моментално ме напињаш.
Денешниов ден... Не знам од каде да почнам. Дали од изненадувањето, од зрелоста во дела, а не зборови, од најромантичниот говор што досега сум го чула или за чуда. Зш чудо е. Пред 9 месеци заедно си ги оплакувавме бившите, се видовме во најлошите можни изданија, бев сведок на неколкуте авантури што ги имаше, чак и совети ти давав да не си толку непостојан , а денес... Уствари не само денес. Што не направив да се откажеш, ама не. Ти тука и пак тука. Ко кокиче на пролет. Не знам зошто ме избра мене од сите околу тебе и уште понејасно е како направи да попуштам и да примам некој во животов. Како направи бе? Малце по малце ме разубеди. Веќе не можам да ти најдам мана. Главава ми е во облаци цел ден. Ваљда не сум се заљубила попатно. Не знам што е, ама среќна сум. И фала ти за се'. Песната прекрасна. Ќе ја оставам да трепка. Спојлер Не ми се верува дека сега ќе си легнеме, а од утре ќе живееме нешто ново.
Секогаш сум се плашела. Најмногу од промени. И постојано велам дека некоја натприродна сила не спои токму нас, зашто ти од погледот ми читаш се. И затоа кога веднаш не ти кажав "да", ти знаеше дека не е дека не те сакам. Јас рикав, а ти ме смируваше и ми велеше да не се плашам, дека ќе биде како и досега, ќе си помагаме, ќе ми бидеш најголема поддршка и да не се секирам за моите бидејќи ќе ги гледам кога и да посакам. Како секогаш знаеш што ми се мота во мисли? Не постои друг за мене, знаеш? Ќе го поминам остатокот од животот со човек кој ме сака повеќе од себеси. Ќе те направам среќен, верувај <3 .
Сакам да ти кажам дека не можам да замислам дека би можела да бидам со подобра личност од тебе. Не постои таква личност што повеќе би ме сакала и што подобро би се грижела за мене. Ти благодарам што си секогаш покрај мене, што ми даваш огромна поддршка и што ги трпиш сите мои испади и грешки а притоа никогаш, во ниту еден момент не си ни помислил да се откажеш од мене. Знам дека знам да бидам неблагодарна и себична кучка. Знам дека те повредив премногу. Исто така знам дека не можам да те сакам со иста јачина како ти мене. Те сакам, да, и тоа премногу, секогаш ќе бидеш мојот прв избор, пред било кој друг. Но, додека ти ми го подаруваш цело твое срце, јас не можам да го направам тоа, бидејќи ми беше скршено на парчиња, и некои останаа загубени некаде далеку. Знам дека и ти си свесен за се, затоа само сакам да ти кажам, да не заборавиш дека не би те заменила за никој и ништо. Со тебе имам се, со тебе сум најсреќна.
I warned myself that I shouldn't play with fire But I can tell that I'll do it one more time Don't trust in myself, no good for my health You mess with my heart, now you're the reason why
Се згазив од смеење прееска кога ми спомна дека ептен скапо ти ја наплатив грешката што ја направи. Ама, мило ми е и што научи нешто ново од тоа, ќе пробам и јас да научам помалку инат да терам. Се надевам дека нема да ти се повтори пак, те сакам.
Остани таков каков што беше пред некој ден. Таа вечер сфатив со колку прекрасна личност сум во врска и колку убава замисла имаш за нас. А навистина те мислев за детинест... Ти ветувам и понатаму ќе биде убаво
За два дена. Само што те погледнав се заљубив во тебе. Можно ли е ова? Ќе помине ли брзо? Не знам ни како се викаш, а сега си и километри оддалечен од мене. Не се ни запознавме. Навистина љубовта можела да се случи на најразлични начини. Ајде од нас можеби нема ништо да биде. Но можеби и ќе се сретнеме некаде по кривица на судбината знаејќи како за толку кратко време те засакав. Ама барем фала ти што него го заборавив.
Шо ми требаше да ја почнувам книгава...уште повеќе мислам на тебе и те посакувам премногу, сега одма.
Ти си мојата тајна, ти си мојата болκа, ти си мојот свет... и κога ме прашуваат дали те саκам си ќутам...затоа што е таκа !