Ми иде да си влепам 2 3 шамари за кого имам трошено време и на кого му имам верувано. Па бившиот е милион пати подобар од тебе, со него знаев на што сум, а ти си како ветерот, каде дува и ти натаму. Ми се одмили од тебе, ми се згади, ми се повраќа. Не ми се веруваше дека сакав и иднина со тебе. Мрш. Со тоа однесување сам ќе останеш а јас ќе одам на дејтови и ќе зборувам за тоа колку ми е убаво а ти пукни си од мака шо немаш муда да се бориш за некој. Се мислев дека грешката е во мене ама па ти ептен забега. Направив се што е до мене ама за тебе човек не вреди ни мрсул да фрли не пак да напише пост на фемина. Имав навистина високо мислење за тебе ама се излажав. Фала што ме расплача и ми го уништи денот. Ѓубре биполарно. Имала мајка ми право - На никој не верувај, ама не, јас војни ќе водам за тебе, пу. Збогум, и да умре мое најмило ако те одблокнам некогаш.
Знам дека мораме сега да сме разделени за доброто на ова мало совршенство до мене, не сме веќе сами имаме некој што го сакаме многу повеќе од нас. Ама ми фалиш... Уф, колку ми фалиш. Сакам да можам на 5 минути да си излезам од телово и да дојдам кај тебе само да те гушнам и да се вратам. Можам се сама знаеш ама сакам да бидеш до мене, да бидам лигава, да ми помогнеш со нешто демек не можам да го завршам, ме знаеш Ајде уште 5 дена ќе издржам, можам јас И после одново пак истото, заспивање со плачење мојата ноќна рутина. А знам и тебе колку ти е тешко, знам дека ти е смачено од камери, повици. Ќе издржиме љубовче за нас, па после ќе биде полесно ќе бидеме посилни од било кога. Те сакам и чувај се
Не сакам никогаш веќе да се караме. Среќа па и таквите моменти на прсти од една рака се бројат, ама знаеме до крајност да отидеме баш тогаш, Не сакам веќе да се повтори такво нешто.Те сакам и едвај чекам да се видиме пак
Откако те запознав тебе сфатив дека човек навистина може да сака некого повеќе и од сопствениот живот.. Љубов ми си, среќа единствена ми си
Не знам како да ја почнам реченицата... Сношти додека ги приготвувавме палачинките ти кажав дека имаш сѐ што една жена посакува во еден маж. Една од нив сум.
Ти и јас никогаш нема вистински да раскиниме, ако воопшто дојди некогаш до раскинување. И да завршиш со друга, и да завршам со друг, секогаш ќе си се имаме, па макар и колку злобно и неблагодарно да звучи ова спрема идните партнери. Јас и ти имаме нешто шо никогаш нема да исчезни, некоја невидлива врска шо ниту една личност која ќе влези во нашите животи нема да биди способна да ја уништи.. И кога бевме со месеци разделени, кога и да се видевме случајно, во очите ти го гледав копнежот и љубовта и покрај то шо во моментот си бил со други. И јас исто. И знам дека и самиот го знаеш тоа, никоја нема да биди ко мене, затоа и покрај толку кавги и расправии сеуште сме тука и траеме.
Саκам да одам со тебе на забава неκаκва но, поради κоронава доволно би било само да не си љубоморен..!!!