Сакам да те мразам, ама не можам. Премногу љубов во минатото ти имав дадено. Сега чувствувам гадење и жалење кон тебе. И солзи во очите затоа што сум среќна што не си дел од мојот живот одамна.
Kaмо порано да ја видев сета таа добрина што се криела во тебе И убаво што си се вративме еден на друг. Сега се сакаме повеќе од било кога. Да не беше ти, може одамна ќе се откажев од се'. Најголема поддршка си ми Kако би ми те гушнала сега
Фала ти што ми ја стискаше раката најсилно додека ги изговарав најтешките зборови. Фала ти и за неконтролираното смеење после тоа, и што ми го промени расположението комплетно. Те сакам до бесконечност.
Ти го сакаш начинот на кој те сакам. Но не и мене. Ти ја сакаш сигурноста што ти ја нудам. Удобно ти е со мене. Но не си заљубен. Ладен си секогаш кога ќе те гушнам. Кога и да сакам да ти се доближам има ѕид меѓу нас. Ладно стоиш на страна и ме гледаш. Не би направил ни чекор за да ме допреш. Ноќе јас сум таа што те чека, а ти си зафатен. Секогаш имаш работа. Да одам, да ти завртам грб никогаш не би трглал по мене.
Секој ден се повеќе и повеќе го пречекорувам лимитот на мојата љубов кон тебе. Те сакам засекогаш значиии !!!!
Ако повеќе не си пишуваме, не значи дека не те мислам Немаше како, мораше да се помирам со судбината. Се уште си ми драг и би ти помогнала за што и да ти треба, само побарај. Веќе не ми одат солзи на очи кога ќе те помислам, туку една блага насмевка за се што поминавме. Секогаш ќе бидеш дел од моето срце, тоа го знаеш нели?
Оваа вечер те посакав толку силно како некогаш.. Дали длабоко во себе сеуште толку силно те сакам? Дали можеме да бидеме како некогаш,или некогаш е веќе минато? За прв пат после долго време сакав да кажам те сакам,ама само немо замолкнав. Останав да спијам со мирисот на тебе,меѓу нашите ангелчиња
Знаеш дека толку време сме заедно, што заборавив која сум без тебе, само една бледа меморија на безгрижна, самостојна и луда девојка. Дај врати се веќе, точак еден, ме научи да се навикнам да ми дишеш во врат и да ми бидеш сенка на секаде. И сега, болна паднав. Само офкам и бројам денови кога ќе се вратиш. Стара сум за вакви лигушења ама па и се однесувам како тинејџер што пати по прва љубов.
Јас сум таква личност што никогаш не се лутам. Ама затоа те ставам во сеедно. А ти си многу блиску до тоа.
Ме κρеваш до облаци и ме спушташ до дно...затоа што ти си ми во мислите, затоа што ти си ми во гρадите, ми одиш низ вените, само јас сум за тебе, само јас сум за тебе...!