Обожавам кога ќе ти легнам на гради и ќе се бориме чија нога да отиде горе, а чија доле. Да можам врз тебе би спиела, ни кревет не ми треба, ни перница.
Има куп работи кои сакам да ти ги кажам. Ама не смеам, зашто нема да сакаш потоа лице да ми видиш веќе. Нешто што најмалку сакам е тајни меѓу нас. Ама подобро вака отколку да ги чуеш тие работи и да се мразиш прашувајќи се каде згреши.
Мирно спијам после толку време. И се претворив во она што сакаше. Фала што ми беше мотивација да успеам за инает. Зошто мислеше дека не можам. Напротив.
Станав ладна и безчувствителна поради тебе , бидејки нели .. сакаше некој таков покрај тебе ладнокрвен како што си ти за да може да те разбере .. 2 години , се борев и со себе си и против себе си за да те разберам , еве станав како тебе без чувства , ладнокрвна , себична. Само на тебе ти зборував како не треба да се откажуваш како не треба да се плашиш од љубов и чувства , со денови и ноќи ти зборував за да те омекнам , за да се препуштиш да продолжиш , да го заборавиш минатото.. сите тие зборови ги зборував имајки надеж дека ке успеам еден ден да те вратам во живот и успеав... Но не како што сакав јас .. не за да слушнам на крај " само ти ме разбираш кога зборувам никој друг , само ти знаеш што сакам да кажам пред да довршам реченица , сега можам да ти кажам и да ти признаам дека ја сакам Анита , веќе 8 години и сега конечно ја имам покрај мене и после толку години чувствувам нешто спрема некоја личност , се плашам да не ја изгубам .." Ти помогнав нели? Не дозна никогаш колку те сакав , се прашуваше како само ти не се заљуби во мене , можеби бев, но не признав , а те сакав и сега кога гледам подобро што никогаш не го дозна тоа. Успеав нели , барем успеав да те извадам од тоа темно место каде што ти беше измачувана душата секој ден и главата преоптеретена со глупави мисли.. сакај ја .. барем осеќаш сега нешто исто како јас сите овие години што осекав додека се трудев за тебе , се надевам дека и еден ден ке ја осетиш истата таа љубов која што никогаш не ми беше дозволена да ти ја подарам
Сакам на цел глас да извикам колку сум среќна што те имам! Нека ме наречат наивна, глупава, старомодна... но за мене смислата на животот се крие во една личност - во тебе!
Каков сон сонував со тебе, беше толку реално Кога се разбудив и сфатив дека е сон сакав уште да спијам. Викендов ќе ти покажам каков беше сонот