Mило ми е што меѓу нас повторно сe појави онаа најдлабока и најинтимна поврзаност меѓу нас После испити ќе си видиш ти
Чудно ми е дека толку рано си легна и немам шо да правам сега. Ама ај бар учев без да те мислам пошо знам дека спиеш. И да, верувам во тебе, знам дека утре ќе направиш растур на испитот љубов.
Зошто баш кога го чекаме третото бебче , ти нема да си покрај мене ? Толку ли се немилосрдни ? Баш кога највеќе ќе ми требаш , тебе ќе те нема дома цел еден месец . И јас сум загрижена , но не ти покажувам за да не ме мислиш . Знам дека светот би го срушил само јас да сум спокојна , но се плашам . И тоа многу .
Мене не ми е страв да си одам сама до дома ноќе, ама кога рече дека ќе ми правеш муабет и дека не сум сама.. Еј, сепак сум ти значела нешто.
Се изненадив кога ми рече дека вечерва ќе одиме на истото место каде ја започнавме врската. Ја чувствувам истата возбуденост и нервоза, како првпат да излегуваме заедно. Ќе го облечам истиот фустан, косата ќе ја врзам во messy bun, од шминка само туш и црвен кармин. И да, парфемот кој те излудува. Знам дека ќе го видам истиот израз на твоето лице како и тогаш. Повторно ќе се заљубиме и ќе копнееме еден за друг. Вечерва сум само твоја.
Во последно време многу често се фаќам себеси како несвесно зјапам во тебе и имам некоја мутава ама слатка насмевка, како средношколка кога ќе се заљуби првпат Совршен си, и однадвор и однатре
Ми фалат сите чувства што ги имав кога почнавме да се дејтаме. Таа наивност, возбуда, искреност, се беше толку pure, колку само бев искрено среќна, весела, сакам пак така да се чувствувам... Можеби се е затоа што веќе не го гледам светот како што го гледав тогаш, којзнае...? Инаку ти си супер, среќна сум што запознав некој прекрасен како тебе во овој грд свет. Сакам пак да сум таа весела личност што ја запозна пред две ипол години... Некогаш се прашувам како ли уште ме сакаш, кога веќе ни јас не се сакам себеси, кога толку се променив...на полошо...