Само немој да направиш нешто што ќе ме повреди (ми го вети тоа).. Сакам се да си остане вака совршено..
Научив дека најлесно заспиваш кога те чешкам со ноктиштава по косата Не можам да ти опишам колку ми е убаво да те гледам како уживаш и полека си потонуваш во сон и веќе на пола заспан, со последни сили ми кажуваш "Добра ноќ, те сакам" и ми го прчиш устето да те бакнам
Знам дека бев лоша со тебе, ама ми треба време. И самиот го знаеш тоа. А ти упорно се трудиш и имаш разбирање за сè. Секогаш си тука кога си ми најпотребен и секогаш ме разбираш. Сакам сè да биде како порано и ти ветувам дека ќе биде, само ми треба време да си ја оладам главата.
Не знаеш колку се радувам што ова лето ти беше толку успешно и сме се поблиску до тоа да не живееме веќе во различни градови. Тоа ќе биде најдоброто нешто што се случило. Ајде, уште само малце, потоа ќе биде се прекрасно, нема да имаш спас од мене, ќе надоместиме за се и ќе си бидеме заедно.
Сакам еден долг одмор на некој мал остров едно пола година со тебе, подалеку од стрес и обврски, од се и од сите. Само да уживаме и да сме среќни. Ама доста си фантазирам, да се вратам на тоа што го правам сега.