Мило ми е што си од тие дечковци што кога ќе слушнат дека женска им искача и со машки другари/колеги викаат убаво да си поминете, заслуживте после испитна да прошетате ко луѓе. Златен си, буквално немаш ниедна работа што ми засметала веќе 2 години . Добро де, иначе немаше 2години да те трпам ако не беше таков.
Шо се деси се деси, дај да не уништуваме океј пријателство ради глупост, може? Се надевам ќе можеме да го изигнорираме и да си продужиме да градиме нормално пријателство. Немој ама те молам немој да си развил чувства за мене, ок? Стварно не знам шо ти беше со обидот да ме држиш за рака и зјапањето у мене ко да си заљубен. Нејќам да те повредам али стварно нејќам ништо плус со тебе. Буквален пропаст ќе биде, компатабилни сме само за другарство. Немој ни да си помислел.
Што и да ти се случува периодот, знај дека сум тука за тебе и верувам во тебе. Ако немаме лоши денови во животот, како ќе станеме посилни? Сакам да сум тука за тебе, бидејќи во најлошиот период ти ми беше една од најголемата поддршка. Да бев таму, ќе ти дадев една силна прегратка.
Да можам не би заспала никогаш повеќе, само да те гледам и да бидам со тебе што повеќе. Не сакам ни миг да пропуштам
Се надевам барем нова година ќе славиме заедно. Не сакам дома да се вратам, празно е без тебе. Комшикине трачарки пред прозор, веќе мислат дека сме се развеле. Кога си тука времето лета, сега секоја минута ја бројам. Врати сееееееееееееееееееееееее!!!!
Фала ти за прекрасното роденденско изненадување, ама ти си ми најголемиот поклон да знаеш, и денеска и за цел живот А тоа што ми посака да ми се остварат сите желби, едната од нив зависи од тебе.. Да останеш со мене засекогаш
Нешто што најмногу ме радува е кога ќе успеам да те насмеам од срце. Нема ништо помило од тие убави очи кога се смеат
Во име на најубавите и најтешките моменти што ги поминавме заедно. Во име и на малечкото гравче што го носам под срцето мое. Нека ни се множат!
Ти благодарам што си се уште покрај мене. Во моите најтешки моменти ти секогаш ме возвишуваш. Не треба ништо да ми кажеш...само да ме погледнеш...и знаеш.
Некој да ми кажуваше,дека ке дојдеме до оваа ситуација,никогаш не би поверувал,дури и сега неможам да поверувам...
Ти благодарам што никогаш не се откажуваш од мене, иако знам да ти скокам на нерви од време на време.