Секој нов ден ми е нова авантура со тебе, и се радувам на секое утро. Ти благодарам што ме поддржуваш несебично во моите одлуки, и вложуваш се' за да ми помогнеш макс низ сите предизвици. Иако секој ден ми велиш дека си многу горд на мене и тоа што како лав се борам да достигнам тоа што сум замислила, знај дека ти си заслужен за мн голем дел од моите успеси. Те сакам, и само да си ми здрав и жив. Се' друго полека ќе си дојде. Keep on shining love
Не можам да замислам живот поинаков од овој што го живееме. Не можам да замислам каков би ми бил животот да не го живеев со тебе.
Ме пукна со тој чиз кејк да ти го направам. Знам дека е просто, но колачи, торти за мене се нуклеарна физика. Ама, ќе ти спремам изненадување. Викнав испомош, резервација на туѓа сила. Денот кога ќе се вратиш има да те гледам ко кинеска краљица, ко што би рекол чичко кумплунг.
Некогаш лагите се толку ситни. Тие се незабележливи во текот на денот. Но кога ќе ги собереш сфаќаш дека не можеш да изградиш една врска така. Кога ќе се соберат се толку големи што можат само да срушат се.
Здраво бејб. Се сеќавам кога те бакнав првпат. Црвено вино, џез во позадина и допирот на твоите раце. Не сум почувствувала таква страст дотогаш. Тогаш, пред три години, се сеќавам ко да беше вчера. Пред две, секој на своја страна, барем ќе ја паметам вечерта кога месечина изгреваше, сонцето заоѓаше, а јас и ти игравме на таа светлина. Ти најде нова љубов, а јас завршив со старата. Погрешно време за нас. Лани во исто време, повторно јас ти. Ти со болка, а јас спремна да те излечам. Чувствував дека ќе се споиме. Колку страст во една ноќ, на повеќе јазици, во различни мигови, со неколку допири и многу надеж. Се додека не дојде крај. Крај што ти го стави, од страв на она моето безусловно. Крај, ме остави и ја избра твојата комфорт зона. Денес, сеуште мислам на тебе. Се уште сакам да те допрам, и сакам да те видам! Ми фалиш ко никогаш никој, ко никогаш до сега! Дали сакаш да помине уште една година вака? Знам дека ти фалам, знам дека не знаеш како да ми пријдеш, затоа што знаеш колку ме повреди. P.s You still triggers me, especially when I’m drunk, I want to text you, but I’m keeping my word. Don’t wait too much, I can feel you...
Кога спијам и ќе те осетам до себе, како ме покриваш, добивам желба да те гушкам и бакнувам. Колку години трае ова? Мислев до сега ќе престане, ама не Живот си ми. И ова наше мало гнезденце. Се' што сакам е тука.
Не верувам во виша сила ама не знам што е тоа што те пушти во мојот живот во најгрдиот период од него. Не постои некој што ме има прифатено со сите мои маани и грешки без збор, без да ми го префрлуваш тоа низ муабет никогаш. Даваш се од себе за нас и не знам како испаднав толку среќна да започнам нешто со тебе пред четири години. Фала ти за смиреноста и трезвеноста во сите ситуации кога јас избувнувам и не можам да бидам рационална. Фала ти за подршката во буквално секое нешто сум го започнала и што секогаш ме слушаш кога се жалам од планината обврски кои сама сум си ги создала. Никогаш се немаш посомневано во моите способности и тоа ми дава сили да туркам уште повеќе. Не постои човек на планетава со кој би те заменила.
Како се осмелуваш да прашаш за мене... Не прашувај, не ми го изговарај името, не се врти ако ме сретнеш, не погледнувај, оди си по патот, пред 13 години го изгуби тоа право. Умре ти тогаш, разбираш? Умрен си, а умрените остануваат во минатото... Како ли те сретнав пред 20 години, камо да не те сретнев...Долго ги собирав остатоците од себеси од подот...се борев за здив, крварев, ама преживеав.... Остани таму, во пеколот... Не постоеше ти, ништо не се случи, не те познавам, не ме познаваш, бегај подалеку разорна сенко...
Понекогаш толку многу ми треба да си до мене, да ме прегрнеш и да не зборам ништо, да заборавам на се. Проклето да е тоа што си далеку. Ќе се спасиме ли веќе еднаш од оваа далечина?
Жал ми е што повторно станав онаа од која се плашеше и која те повредуваше. Ама не можам подобро... пробав ама не успеав.