За овие години си направив колекција од неубави чувства. Само болка околу мене. Можеби ти ќе бидеш тоа убаво во мојот живот? Кој знае.
Ти си тука кога никој друг не е. Иако тоа не го имаш на глас кажано, за разлика од други кои рекле тука ќе се секогаш за мене, а не се... И никогаш не сум ти рекла фала, со збор. Секогаш со дела. Такви сме ние, затоа опстојуваме...
Како викаш ти, мисли позитивно, уште само неколку часа и ќе бидеш слободна неколку денови, па ќе си поминеш убаво време со мене, без разлика кој и да е исходот. Но, сега ќе биде, ќе славиме викендов, ќе честам коктел. Медитирав за да се смирам за сабајле и си го мислам тоа. И те послушав, испив зелен чај, да видиме дали ќе делува и ќе ме опушти. Уште колку ќе ме трпиш со моиве стресови ехее, јака ти душа.
Многу те сакам ти си ми се беше со мене во најтешките моменти, правиш се што никој досега не направил за мене. Многу сум среќна што те имам во животот. Благодарам за трпението што го имаш. Извини за синоќа незнам што ми стана знам дека примети дека плачам но не ми кажа, знам те осеќам ти се познава по очи. Биди секогаш до мене, неможам да го замислам животот без тебе. Те Сакам бескрајно
Само чувај се, она што ни е предодредено за нас двајца да бидне ќе бидне и покрај сите сопки и покрај сите падни-стани ситуации и покрај се, т.с. знаеш
Еве додека ме возиш до дома, и тука да ти кажам дека те сакам најмногу. И дека ме палиш, најмногу. Едит: не си можен .
Ми се вреска да ти кажам колку многу те сакав, и дека, себично или не, никој не осетил повозвишена љубов од мојата за тебе...
Кај најде бе несреќо сега во 12 саат да правиш тостови со помфрит? Ти душа немаш бе, ме тераш да јадам а баш не планирав. И немој да си ми спомнал за секс вечерва, со два торта во стомакот не можам да се свиткам а не па друго.
Извини, зашо никако не се појавуваш у мојот живот? Стварно више, досадно ми е сама. ..до идниот, некогаш.
Сакам да се будам секој ден до тебе А. Ти никогаш не се откажуваш од мене, ме прифати со сите луди бубачки во глава, се бориш за мене, за нас. Ќе го освојам светот, само ако си покрај мене, и ме држиш за рака. Те обожавам.
Колку и да нејќам да се расправам, Од другарите твои си патиме за жал, и ми се вришти ми се плачи али ќе ќутам и овај пат. Колку и да ме нервираш, сепак те сакам. Смотана Јас.
Ти стварно не знаеш шо сакаш у живото! Ако мислеш дека ќе те чекам додека не сфатеш кој и шо ти е важно, тешко си се заебал.