Љубов, два дена од кога те немам видено и два дена ќе збеснам по тебе. Толку имам страст и енергија шо не можиш да замислиш Иако ме дрма ПМС
Денов иде во албумот на оние денови кои пишуваат историја за нас, сместени во нашата меморија, далеку од бришливо, кршливо, на безбедно... Некои работи никој не може ниту да ни ги даде, ниту да ни ги одземе. И среќа што е така...
Мило ми е што те мотивирав и што овој семестар гледам скроз нова верзија од тебе. Само продолжи така, верувам во тебе, верувам дека ќе постигнеш невиден успех. Само не знам, зашто твоите зборови не допираат до мене, зашто кога пробуваш да си ми поддршка јас уште толку се затварам? Ваљда си знам како ми е најдобро и така терам, ама па до толку да не те послушам? Не знам што ми е..
Знам... знам дека не требаше така да постапам. Ич не се исконтролирав, ама ете ме дрмаа некои мисли Те сакам бејб Нема веќе така да постапам, ветувам уште 5...
Една недела еден без друг, како мачиња сме станале и двајцата... Те сакам, бе! И, ми фалеше, и уште ми фалиш.
Знам дека читаш па сакам да ти кажам кога ќе доаѓаш во спална донеси ми млеко топло со цимент Ејјј и донеси шеќер И уште едно ејјј Те сакам многу знаеш колју?
Искрено, малку се разочарав кога ми кажа дека планираш тоа да го направиме следното лето... ја сакав да се случи тоа сега во јануари/февруари
Беше убаво денес...како некогаш кога со страст те гледав. Можеби сѐ уште те сакам толку многу, а се плашам да си признаам.