Се изгубивме низ времето и годините... Имав многу надеж дека повторно ќе се пронајдеме, дека повторно ќе зачекориме низ патеката на љубовта... Ама...ама... И таа малку надеж што ја имам, ја губам... Сакам да грешам, да не е вистина во ова што го мислам и чуствувам... Кажи ми дека грешам, кажи ми дека ништо не е изгубено, кажи ми дека пак ќе бидеме едно... Кажи ми...и докажи ми... Зошто без тебе...ќе ме нема ни мене...
Колку те испозамарав денес, челични нерви имаш бе ти. Како плус и минус сме, јас 0 трпение, ти челични нерви. Затоа и ме трпиш.
Кога не си покрај мене минутите ми се вечност. Кога си до мене часовите се минути. Знаеш колку те сакам нели?
И после една година, уште ми вадат насмевка твоите пораки. Ама сменив навика, и не е чудна. Сега навика ми е да си ми ти во прегратки .
Поминаа неколку години откако те видов последен пат. Не знам кога беше последно, не се ни сеќавам што ден беше тоа, ама се сеќавам дека јас му се допаѓав на брат ти, а ти мене ми се допаѓаше. Те биеше лош глас, трчаше по шмизли, не доаѓаше често на училиште, не ме ни приметуваше често, освен кога бевме блиску на екскурзијата да воспоставиме контакт, и тогаш по дифолт јас морав да се изглупирам пред тебе и твојот другар кој ми беше мене соученик. Не знам зошто никогаш не се потрудив да ти се доближам, ама знам дека не бев твој тип на девојка затоа што трчаше по една бивша и беше скршен по неа, веројатно се плашев од одбивање. И сиве овие години те сонував, како минатата вечер, не знам од каде ми се појави, што значеше сонот, знам само дека си во туѓина, со брат ти, можеби и со некоја девојка. Последно пред 2 3 години видов твоја слика во Америка, со девојче. Само сакам да не те сонувам повеќе. Веројатно е дека нема да те видам, никогаш. А тебе А. не очекував дека ќе изиграш на тој начин, од тебе не го очекував тоа. Те обожавам, ама вака...не можам. Грешев јас, грешеше ти, чинам ти повеќе. Ама нели, никој не е совршен. Најди друга, ама тешко дека ќе најдеш како мене. Секое добро.
Што ние можеме другите не можат ни да сонуваат. Не дека тоа второто е битно но... коа ќе речеш-како е можно, запамти дека се е возможно кога сме ние двајца во прашање. Ова ли е сродни души!?
Топлина ми е во душава кога гледам дека не се откажуваш од нас, како си сигурен во нас и наше заедничко утро, а ке дојде, мора да дојде и тоа утро. Едвај чекам да ми ти се фрлам у прегратка, пак да се загледам во тие очи длабоки. Те сакам бејб
Ме следиш цело време, мислејќи дека ќе те имам ко алиби дека не сум Impostor. За на крај да кажеш дека white is cute. Ќе гориш во пеколот Александар. (со игри се занимаваме на 23 години).