Кога некој ќе ме праша што ме прави среќна, првото нешто што ми паѓа на памет си ти. И благодарна сум ти за тоа!
Ти честитав роденден... Уз разговорот.. Ај да не бидам јас идиотката. Ама тебе ни Господ не може да ти помогне. Сега ставам крај на ова и искрено многу ми е жал што не недели не месеци туку години потрошив на тебе.. Со твоето однесување правиш никакви чувства да немам спрема тебе... Единствено нешто ако се каам е тоа што толку време потрошив на тебе. Предмалку ти беше последниот разговор со мене...
Имам и јас чувства и граница на толеранција. Затоа што ова второто го премина ти, одамна. Жал ми е. Колку само те сакав и колку во тебе гледав совршенство. Ама јбг А. тоа е. Научив и јас да се бранам. Научив и јас да не зависам од никого. Научив да не толерирам секакви глупости и глуп хумор на моја сметка со кој сакаше да ме навредиш. Лесно ти е тебе, седи си дома, јас за тебе ќе поместувам планини. Тоа е разликата меѓу мене и тебе. Што јас направив многу а ти само зборуваше.
Зошто неможам да дадам на друг шанса? Иако знам дека со тебе немам иднина, те сакам. И не сакам да дадам на него шанса, бидејќи колку и да тврдеше дека ме сака, му кажав дека само тебе ќе те сакам. И така е. Нејќам да го повредам него, како ти што ме повреди. Бидејќи тој не заслужува да биде повреден, за нешта кои ти ми ги направи. Ама те сакам и ќе те сакам. Додека не ми ску*чи твоето понашање. Како може сега да се понашаш океј, а утре да си ладен? И јас имам чувства, знаеш така? Да знаеше, немаше да ми го правиш ова. Мразам кога те снемува на сред разговор. Знам дека поминуваш низ тежок период и ти кажав дека сум тука за тебе. Ама ти немаш намера да го срушиш ѕидот што го имаш изградено околу себе. Нека трае додека не ми стане сеедно за тебе Александар. А тебе Александар 2.0, нејќам да те повредам. Ти кажав дека го сакам него, ми рече дека ќе ми помогнеш да го преболам. Нејќам да те повредам, најубаво е да останеме другари. За добро и на двајцата.
Се гордеам со тебе. Се си положи оваа колоквиумска, браво. Вака да си продолжиме двајцата и шо побрзо тука да дојдеш, ајде више дипломирај и живеј блиску до мене. Најгорда женска сум
Ми фалиш премногу. Едвај чекам да заврши колоквиумскава за конечно да те видам. Среќна сум што имам ваков човек покрај себе.
Долго сме заедно, знам како дишеш, знаеш како дишам. Полека се осознавам и сфаќам дека не сакам да имам партнер во животот, сакам да сум сама. Со тебе сум затоа што ме сакаш безрезервно, ти си партнер каков што секоја жена посакува покрај себе. Убав, верен, паметен... ама мене си ми досаден. Мене ми е сѐ досадно, немам план, немам одредена цел. Чекам да сфатиш дека јас сум си на сама себе енигма и да ми раскинеш затоа што јас не можам да ставам крај на оваа “совршена” врска.
Ти си бре ова ----> , не знам како да ти се заблагодарам, што ме поддржуваш, што си со мене и на моја страна за се во животов, не знам, немам доволно зборови, се што ти ќе ми го кажеш го сфаќам убаво, секоја утеха од теба ми помага, и не може со ни на еден друг, да се спореди!!!
Не можам да се откажам од тебе, а денес видов дека и тебе ти се случува истото. Те сакам, сакам секој момент да го поминуваме заедно, и аман, да не се караме за глупости.
Се сеќаваш кога пред три години после тој настан надвор стоевме, јас плачев, а ти ме гушкаше? Можеби пола саат стоевме така. А следниот ден дојдов кај тебе. Бев скршена, ми требаше некој да ме гушне, да знам дека не сум сама. Денес веќе сум друга. Не сум веќе личност што се потпира на тебе, што ќе ти помага тебе, што ќе прави се' за тебе, што ќе и' е мило за секој твој успех. Не сум веќе она мило слатко девојче што со љубов гледаше во тебе и се радуваше на секоја наша средба. Ти поминаа деновите за уживање. Пред тебе ќе стои сосем друга личност.