Не знам зошто се уште сонувам и по толку време сонови поврзани со тебе како ми недостигаш и плачам. Среќа пак само е сон, реалноста е сосема друга.
Ти си ми мојот ангел чувар Знам дека поминавме низ многу тежок период а најтешко ми е што не сме се виделе толку долго ,но ете се случија не убави работи за жал. Никогаш не ми дозволи да се предадам кога ти викав не можам да издржам ти беше сигурен дека ќе издржам и дека можам. Најлошото помина никогаш да не се повтори. Прекрасен си со чиста душа и се ти простувам за секоја наша караница и секој лош збор , никогаш повеќе. Едвај го чекам денот кога ќе те прегрнам повторно . Our day will come
Замисли стварно некој ден го добиеме станот од грепкана . Уште следниот ден се вселуваме, па макар само душек да имаме. Не можам без тебе.
Знаеш и самиот дека имав многу лоша врска пред тебе. Плачев, викав, те тргав од мене. Ме молеше да бидиш со мене, дека со твојата љубов спрема мене ќе ми ги излекува раните и срцето, не ти поверував, но ти дадов шанса. Најдобрата одлука што сум ја донела. Сега ти си ми се, ти си сонце, ти си милина, фала му на Господ што те најдов, не те пуштам никогаш мое се, мој пријател, моја љубов, мое СЕ!!!!
И после година дена некои работи не поминуваат ама тоа е, повеќе не сме истите, не е важно што ќе каже човек туку како направил да се чувствуваш, тоа не се заборава....
Засекогаш ќе ме потсеќа песнава на тебе и периодот кога те запознав, на прекрасните летни вечери кога на среќата и немаше крај.