Ми го продолжуваш животот, знаеш? Ме смееш до солзи, ме расположуваш и ми ги правиш деновите поубави. Иако не ти кажувам често, те сакам премногу
Сѐ е против нас, дури и ние самите. Не можам да разберам како и зошто уште се измачуваме во оваа врска.
Реално, не беше лошо со тебе. Знаеше, многу работи...и како да ме задоволиш. Штета, само што...така си замина, кукавички...што немаше храброст да ми кажеш...дека има подобар од мене.
Многу ми е убаво кога ми раскажуваш за некоја тема која не ми е баш позната. Можам со часови само да те слушам. Те обожавам
Премногу се пронајдов во ова. Понекогаш ми е чудно како може да си толку смирен (освен кога игра Интер ), ама ми се допаѓа тоа кај тебе. Не ја менувај таа карактеристика за ништо.
Покрај тебе ги засакав и сите твои блиски, научив како да се опуштам во поголема група на луѓе, добив љубов и поддршка од нивна страна, се почувствував како да припаѓам во тоа семејство. Ама, јас не припаѓам покрај тебе. Не можам да си дозволам на себеси да бидам твоја робинка, да се понижувам себеси, да ги потиснувам своите мисли и желби, својата болка, да заборавам дека јас постојам и без тебе. Јас не сум само твоја, туку само своја. И дојде време да го сфатиш тоа. Да заборавиш на „совршениот живот“ што ти го имаше замислено за нас. Да престанеш да ги сечеш моите крилја. Да престане оваа фарса од врска. Дојде време да живеам, да научам да се сакам себеси, со сите свои маани и добри страни. Збогум, и не барај ме веќе. Никогаш.
Знаеш кога да се повлечеш кога сум нервозна, знаеш искрено да се извиниш кога си згрешил, знаеш како да се справиш со сето мое лудило. Понекогаш мислам дека имаш некоја super power и успеваш да ми ги прочиташ мислите. Но и не ти е потребна никаква супер моќ кога си полн со толеранција и разбирање. Ти си единствената личност која успева да ме смири само со еден поглед, прегратка, бакнеж.
Ти благодарам за прекрасното изненадување денес. Само ти можеш вака да ми го растрепериш срцето. Те обожавам, да знаеш!
Ти. Тебе што те запознавав на поминување. Што се задржав без да имам намера. Задржување кое нема крај. Ти изгради нов универзум за мене и за тебе. За мене, најмногу. За јас да се чувствувам добро. За јас да знам како да се однесувам. Ти. Ти што беше во ред со тоа што немаш ништо што други имаат. Ти што се криеше затоа што јас те криев. А не беше за криење, беше за покажување. Беше за гордо човек да те покаже. Беше за гордо човек да те носи некаде. Некаде далеку од сите кои тоа би го направиле. Ти, што без сето тоа остана до мене, засекогаш! Spoiler -Ксенија Николова-
Ме разочара по кој знае кој пат.. Ти ..тој што треба да ми бидеш поддршка.. Наместо да ги почитуваш желбите и потребите на моите во овакви тешки ситуации и да ја почитуваш мојата одлука, ти ми упати само еден гнасен коментар - или ќе живеат со нас или кажи кај да ти ги оставам пижамите за да седиш со нив... Глуп си.. глуп си што не можеш да разбереш дека моите не се како мајка ти останати во 20ти век.. Моите никогаш нема да си дозволат мајка ти да им виси над глава додека пази молим те живеат во твоја куќа.. Моите 50 години живеат сами без никој да им виси над глава.. и треба да го разбереш тоа. Дека и да дојдат кај нас, нема никогаш да сакаат со зет да живеат. Со сељак де..