Ако ти одговара да ме изгубиш мене, друштвото, фамилијата и сите да ти тераат сеир, слободно направи го тоа. Никој нема да те заштити.
Не е поентата да имаш девојка и да се фалиш со нејзе кога не знаеш како да ја сакаш и почитуваш. И не сум среќна со тебе, ми фали и љубов и внимание кое очигледно од тебе никогаш нема да го добијам. А ти ќе сфатиш кога ќе ме изгубиш, ама касно ќе е!
Кога те запознав никогаш не помислив дека волку ќе те засакам. Толку мирен, културен искрен, скроз спротивен од тие пред тебе.. Ова ли ти било љубов. Кога се заљубуваш во нечија душа, искреност. Колку среќа сум имала што си мој сопатник, мој живот, татко на нашите деца. Блазе си им.. Seni cok seviyorum hayatim. Iyi ki varsin.. Iyi ki benim sin
Кога ќе се навратам на моментите кога се однесував убаво со тебе и кога те бранев од сите, сфаќам колку сум била глупава и колку сум се понижувала себе. Ова што го гледаш од мене е само почеток. Пак да ти повторам- сам си. Никој не те сака веќе.
Сите си имаме некое делче од срцето кое го носиме заклучено без да посакаме да го отвориме,од другата страна пак штом се спомне име очите ни жарат и среќата е неминлива. Сепак,таа личност во тој дел е многу среќна и ние сме среќни за неа. Велат можеш да сакаш само еднаш,а да љубиш сто пати, во право биле.
Како би те опердашила по тоа газот. Не можам ни да дочекам веќе, се радувам ко мало дете на пакетче. Овој пат не те пуштам никаде сам, ќе се залепам со супер лепак околу тебе, мрдни да те видам. Што ќе ти праам
Послем толку време .. очи полни солзи но овој пат не од тага и страв туку од среќа .. Многу те сакам и многу сум благодарна што те имам ти си мојот ангел чувар
Има периоди кога воопшто не ми текнува на тебе. Има и такви кога не можам да те извадам од глава. Сега го живеам второво и ужасно ми е. Одново и одново преиспитување на сите ебани ситуации и анализирање, беспотребно навлегување до детали. Песни што потсетуваат на тебе, на repeat по цели денови. Надеж дека некогаш и некаде ќе те сретнам, иако изгледам на ѓубре кога рандом пешачам. Ај ќе ми помине..
Песнава ме прогонуваше со години, особено стихов „It isn't over until it's over...“ затоа што никогаш немавме ставено точка. Oставивме 3 точки толку многу време, 3 точки кои што секојдневно ме излудуваа и си поигруваа со мојот ум. За среќа дојде и финалната последна точка (closure) пред некој месец, точка која што толку многу ми беше потребна сите овие години, точка која што ми донесе толкав мир и спокој, и ми симна цел тон товар од грб. После толку долго време, конечно почнав да живеам, конечно испливав од бездната од која што мислев дека никогаш ќе ми нема спас, конечно зедов здив, со полна плуќа, здив кој ужасно ми беше потребен за да живеам повторно. И да, сега сум уверена во таа точка, бидејќи пред се' расчистив сама со себе. Вчера те спомнаа, прв пат после толку време, и за прв пат не осетив никаква болка, го немаше веќе тоа шило што ми го пробиваше срцето со години, секое чувство за тебе избледело ... единствено само се потсетив на мемориите, but i can live with them, it's ok. Thanks for everything, за секое добро и лошо, just thanks for all Bye.