And, I built a home For you For me Until it disappeared From me From you And now, it's time to leave and turn to dust Имам повеќе мир, ама не сакам да го изгубам најдобриот другар. Секогаш ќе те сакам, упм. Можда сум најнаивниот човек на планетава ама... не сакам да се сменам. Срцето ми е на место. Секогаш ќе имаш другар во мене.
За уште два дена и ке се видиме. Херојски издржавме Само имам нешто во себе што ми е страв да ти го кажам Сакам, многу сакам да сум со тебе за цел живот, ама јас сум полна со стравови. Страв ми е да се препуштам целосно, страв ми е. Се мислам оти ке ме разочараш и ке ме повредиш Еднаш се изборив со тој страв, но како сега да се изборам? Битно да ми те видам, за понатаму ке мислам како да си најдам решение. Важно да си се видиме јас и ти
Се заљубувам во тебе секој ден, се повеќе и повеќе. До сега со никој не сум се чувствувала вака. Ти благодарам што ме разбираш и си тука за мене. Со тебе можам да зборувам од банални теми, до теми за универзумот. Те сакам А.
Како и секој пат, докажа колку си расипан. Расипан и скапан во душата себична. Поминавме долго време заедно, и покрај се, ми беше најубаво на свет. Те сакам и знам дека никогаш нема да можам да те заборавам..само што, никогаш веќе нема да ти дадам прилика да ме повредиш. Не сум веќе дете и ти требаше да го разбереш ова одамна. Имаше безброј прилики да ме засакаш како јас тебе...жал ми е. Не можам веќе, кревам раце од нас. Никогаш веќе не сакам да се чувствувам вака, најмалце поради ѓубре како тебе
Стигнавме и часови да изброиме до наше видување. Позитивно и убаво се чуствувам, возбудено. Ке ми те видам за неколку часа, ке те гушкам Абе те сакам Замисли, дојдовме до тука... Ти веруваше во оваа следна средба, јас бев малку скептична Од денес ке сме заедно, и не сакам веќе разделувања!
Ги читав нашите стари разговори. Ми недостига времето кога си пишувавме секој ден. Знам дека не сме еден за друг, знам дека можам подобро од ова, дека заслужувам повеќе. Оваа борба помеѓу срцето и умот е многу истоштувачка. Многу сум изморена, многу..
Твојата близина ми е потребна како воздух. Ми требаш за да живеам. Не знам што направи со мене, но успеа да ја извадиш на површина секоја моја добра страна.
2 години и 6 месеци изминаа со тебе, не ми се верува. Љубовта за тебе секој ден ми е се поголема. Остани, засекогаш. Да броиме уште многу многу време поминато заедно.
Ќе те стигне секоја моја пролеана солза овој месец. Секој ден се трудам да бидам јака и силна ама не бива, солзите сами си течат. Каков те мислев а каков искочи, срам да ти е .Не знам како заспиваш навечер , немаш грижа на совест? Ама има и карма и господ.
Ќе пукнам на два дела. Не знам веќе што се случува со мене, се делам меѓу мене и тебе. Не можам да посакам подобар од тебе ама...
Знаеш дека откако си замина две недели не можев да се насмеам? Ама буквално. Се шетав по улици како жив мртовец, сите околу мене се смееја, а јас стоев укочено без никаков израз на лицето. Знаеш, светот продолжи да постои. Ништо не застана, но за мене воздухот беше друг, боите околу мене беа други, се чудев на луѓето околу мене како живеат, како се радуваат.. Дента кога дипломирав прв пат се насмеав од душа. Но вечерта одвај чекав да си отиде другарка ми, сите на маса се радуваа додека јас ги држев солзите да не заплачам. Кога си отиде, се пуштив на креветот и плачев, липтав, викав, се корнев, удирав со тупаници во кревет... Ти не беше тука на тој ден, јас не го споделив денот со оној што најмногу го сакав. Те мразам и бескрајно те сакам во исто време. Поминаа месеци, но болката е иста. Се будам со тебе во моите мисли и легнувам со тебе. Те мислам во секој момент од денот и ме болиш ужасно. Нека дојде кој сака, каков и да е никој нема да те замени тебе. Роденден ти е љубов.. за една недела. Сакам да ти пишам, да ти честитам но што ако не вратиш? Што ако ладно ме пресечеш и ми кажеш дека не сакаш веќе никогаш да ме видиш. Нема да го поднесам тоа, немам сила повторно да си ја отварам истата рана, и онака не ми е зарасната... Ми недостигаш. Се надевам нешто.. некогаш ќе не спои пак.