Зошто дозволувам толку да ми влијаеш на расположение? Знам дека не ме сакаш и пак слепо ти верувам. Толку ли сум смотана, наивна? А те сакам, душата ми гори за тебе, ама лошо ми е, тежина имам. Наместо да ме правиш среќна, јас се нервирам заради тебе, плачам како мало дете. Ама те сакам, најискрено те сакам.
Only if you knew how much I liked you... Се заебаам бе мрш таму си ми испотребал. Патетичен иди таму проектирај си ги mommy issuesот на други.
После којзнае колку време, го приметив твојот парфем што ми го подари за да ме потсетува на тебе. Го помирисав и ме здоболе... Spoiler к*рац
Те гледам додека спиеш (колку и да е крипи ама пуста инсомниа) и пресреќна сум што си дел од мојот живот. Едвај чекам да ги исполниме сите наши планови!
Мислам дека никогаш нема да те заборавам. Дури и после 5 години, 10 години.. Знам дека ќе ми е криво што ништо не преземавме и двајцата, ама.. можеби така е пишано. Можеби во иднина ќе сретнам некој што ќе ме прави среќна како и ти сега. Исто ти посакувам и ти да најдеш некоја што ќе те сака повеќе и од самата себеси. Се надевам и двајцата ќе сретнеме некои личности, што егото ќе им биде на второ место, а среќата на прво.
Тука си и само тоа е важно. Срце ми затрепери од твојот одговор кога те прашав што сакаш од мене. Си ме познавал лично, си ме сретнал низ град и си чекал шанса. Ти имаш добар материјал да бидеш мој најдобар другар и се надевам нешто повеќе во иднина. Само ти чувствуваш кога не сум океј и ме прашуваш - Кажи што те мачи, ќе го средиме. Ме викаш и по име, често ме голицка нешто во стомак кога некој ќе ми се обрати по име ама од тебе и тоа изгледа убаво. Е сега, кога ти се доверив за се ми рече - Блазе нему, само да знае колку вистина го сакаш а јас овде ти пречам. Ми се јави и зборувавме, многу ми значеше кога примети дека плачам и ми рече да се смирам и ќе најде решение да ги погоди вистинските совети за да бидам подобро. Ги ценам тие мали нешта од твоја страна кои што на секоја девојка и значат. Со тие ситници можеш да ме освоиш а мислам дека си близу до тоа. Не сакаш ни да бидам сама доколку имам жута минута. Ќе најдеш начин да ме насмееш, да ме утешиш или кажеш некој збор два за да бидам ок ама и ќе ти возвратам. На почеток ми беше само уште еден обичен лик, те запоставив поради него, сега едвај чекам да ми пишаш. Сношти ми рече - те чекам утре да ми пишаш, ми годи твојата позитивна енергија. You got me. Чувствувам ќе биде нешто. Не е битно што, сакам луѓе како тебе во мојот живот.
Вториот пат кога дојдов кај тебе ми го даде испразнетото шишенце парфем, за кога ќе се вратам дома да ме потсетува на тебе. Го обожавав мирисот, беше некој парфем што го нема тука... Откако раскинавме мислам дека не се осмелив да го мириснам. Таа дојде кај мене пред некој ден и уште одма и го забележав парфемот, цела куќа ми замириса и си реков леле, колку убав парфем. Пред да си отиде, ме прсна и ми рече дека е машки парфем. Во тој момент почна силно да ми бие срцето, ми дојде да плачам, речиси бев сигурна дека тоа беше твојот парфем. Отрчав горе да го најдам шишенцето, го немаше. Изгледа сум го фрлила, а не се ни сеќавам. Ама можно ли е? После толку време, пробувам да те заборавам, сакам конечно да преминам преку некои работи и доаѓа таа и од сите парфеми на светот носи машки и тоа баш твојот?! Кога ќе поминеш веќе.. кога.
И оваа година последниот пост оди за тебе Ништо друго нема да речам, ќе си посакам секоја наредна година да ја завршувам во темава, со пост насочен кон тебе
Поминавме низ тешка година со тебе, но важното е што се' уште толку цврсто ме држиш за рака. Верував дека ниеден проблем не ни може ништо, така и испадна. Те сакам оттука до вечноста