Те сакам бе, те сакааам најмногу! За ваква љубов секогаш сонував, сонував за тебе. Желба која можам да ја посакам е секоја наредна година заедно да ја славиме, во наше гнездо
Фала ти за се до сега, остани каков што си сакајме како до сега и како што те сакам јас. Те сакам најмногу!
Многу сум разочарана од тебе. Ти реков да не ветуваш, знаев дека нема да биде така, ама не, ти упорно ветуваше. А јас наивна пак поверував. It was too good to be true. И сега срцето ме боли. Навистина, како некој да го стиснал, не можам да се соземам. Секогаш е вака. Знам, ама пак верувам. Реков еднаш и јас да се препуштам ама пак удрив во ѕид. Највеќе мразам празни ветувања, а животот само тоа ми дава. Смачено ми е веќе.
Среќна сум што ќе имам нови 365 денови поминати со тебе. Во новава година те сакам само тебе и што повеќе да сме заедно. И секако ти посакувам да ти се исполни најголемата желба, оваа година како што викаш ти ќе ти била најсреќна бидејќи на 21ви сме почнале врска, па во 2021ва ќе ти бил и последниот испит, бидејќи била среќна бројка. Да си го оствариш тоа и да си дипломираш, а јас ќе бидам најсреќната и најгордата женска на тебе и твојот успех. Те сакам.
Видеото шо ми прати за НГ оти одиш на работа ме стопли. И цмокчето на крајот. И то дека желба ти е да се видиме во новата година. Ах шо ми прајш мме.
Ми кажуваше приказни. Секогаш ќе сум тука за тебе. Ќе те сакам засекогаш. Моја си засекогаш ти. Не те давам на никого. Се бунеше за секоја моја солза. Кога не ми беше добро 10пати на ден ќе ми кажеше "како си ми?" "подобро ли си ми?" . Планиравме иднина заедно. Ако ми се случило нешто ќе се убиеш веднаш. Ти недостигав. Ти бев сѐ што имаш ти. Ти бев љубов. Ти бев единствена. А сега? А сега останаа спомените, и празните ветувања.. Едно ќе ти кажам. Немој да и ветуваш на друга све што ми ветуваше мене. Немој. Ти ја посакувам целата среќа на светов. Јас некако ќе се снајдам. Но немој друга да лажеш како мене. Немој. Не сакам друга да се осети како јас. Јас те сакав со сите доблести и мани. Недај боже истиве чувства да ти се вратат на тебе. Нема да можеш да ги издржиш. Ти не си доволно јак. Премногу поразено се чуствувам од твоја страна. Доста беше. Нема повеќе да дозволам да ме газите.. Подобро сама, среќна и исполнета. Него ли со тебе целата скршена, и изманипулирана. Сега можеби плачам и "светот ми се руши". Ама еден ден, ќе се насмеам најгласно искрено од срце, како дете мало. А причина за таа насмевка нема да бидеш ти. После тебе јас можеби нема да сакам друг, бидејќи сум премногу сум повредена и разочарана. Благодарејќи на тебе. На почеток беше посебен во моите очи. И сега си посебен, само што сега на посебен начин ме скрши. Се надевам посреќен си без мене. И биди. Се надевам го постигнуваш оној мир што ми го кажа тогаш. Биди најсреќен. Збогум..
Не знам како да ти се заблагодарам за се што правиш за мене. А толку е тешко да се живее со мене некогаш, ги преживуваш и ти моите демони толку години..
Единствена добра работа во оваа година не си само ти (затоа што ти си среќа веќе 5 години), единствена добра работа е овој живот што го носам во мене, и што ќе не израдува уште повеќе за некој месец!
Ми фалиш Се молам само оваа година да биде последната во која ќе сме во различни градови... Дојди тука, ми требаш, не можам веќе, умирам секој ден се повеќе и повеќе со тоа што ми недостигаш и знам дека те имам ама сепак не си до мене физички, како да не сум потполна, како некој дел од мене да откинале
Ги сакам неделите бидејќи сме цел ден заедно, јас ти и бебето кое почнува да ни гуга и да се смее. Бесценети ми се овие моменти со тебе, со мојата фамилија!