Исплачи ми река Однеси ме во дискотека (Пост-корона, секако) Знам дека си клабер Ми пуштија абер Ќе ми дадеш цвет? Да одиме на балет! Или во Балет? (Пост-корона, секако) Ми се прави нешто со тебе Па можеби и бебе хаха ќе се убијам но вака изгледа добар дел од „модерната“ поезија денес
Ти или тој... Ќе полудам а не сакам да правам љубовен триаголник. Што ќе правам понатаму стварно не знам само знам дека ова што го правам не е во ред. Се плашам која одлука и да ја донесам дека ќе е погрешна....
Мисли си што сакаш. Но, можеш да се заљубиш во насмевка. Можеш да се затрескаш толку многу што слепило ќе те бие за остатокот од светот околу. Може само таа една работа да те врзе така јако, да сакаш само да чуеш смеење, да видиш насмевка и извиени во млада месечина усни. Па нели, во малите работи е убавината... Ако не ми веруваш, затвори ги очите баш сега. И замисли си ја личноста заради која не спиеш навечер. Што гледаш? Силно е чувството, јака е врската помеѓу твоите очи и нечии усни. Ах да, и нели бакнуваш? Обиди се да бакнеш, насмеани усни. Онака, нежно, само во аголот. Па мисли си, што сакаш. Се заљубуваш во малите работи. Во усни. Ех...
На моменти вака се чувстувам, и те буткам. И сакам да сум сама. А те сакам, ама некогаш не знам како да дозволам да допреш до мене. Се борам сама со себе.
Ми викаш "најголем страв ми е да не дојде ден да сум без тебе, во секој дел од градот имаме спомени, каде и да поминам се на тебе ќе ме потсеќа, ваква љубов цел живот ќе ме прати, многу сакам да успееме, сакам цел живот со тебе да го поминам, вистинската си за мене ти, ниту далечината не успеа да не разниша, туку напротив не направи посилни". Ја можда не искажувам како тебе емоции ама и јас сакам да успееме и да сум цел живот со тебе. Преубаво ми е. Години поминуваат како сме заедно, а за мене љубовта се посилна и посилна е од ден на ден. Не си навика, љубов си.
А мислев дека љубовта е само чувство, она чудно чувство во кое мислиш дека ти летаат пеперутки. Пеперутки во сите бои. Не било така, љубовта е многу повеќе од тоа.
Да не претерувам Ама ги имаш најубавите очи на цел свет Се гледаме во 5? Ќе те носам на моето омилено место На моите омилени карпи Ќе имаме ВИП карти Да го гледаме зајдисонцето Се задоволуваш со малку И тоа ми е слатко Но каде се гледаш за 5? Години Не знаеш да ми кажеш Не сакаш да ме лажеш Можеби сепак ќе те бакнам Спојлер
Една од најубавите твои карактеристики е што знаеш секогаш да си смирен. Не знам како успеваш, ама знам дека тоа е твојата супермоќ. Ме научи, дека секоја караница треба да се реши со ладна глава. Знам дека понекогаш, во лутина ти кажувам работи што не ги мислам. Ама, никогаш до сега не си се налутил. Сакам да се сменам, на подобро, заради тебе и заради мене. Од тебе научив да препознаам црвени знаменца кај другите, а со тоа почнав да ги бришам токсичните личности од мојот живот. Ти благодарам, заради тебе пораснав и тоа МНОГУ!
Биди повеќе храбар во одлуките . Тоа што не си risk taker ме нервира, знаеш. Можеме да имаме наш бизнис . На почеток е секогаш тешко , ако не се проба нема да се знае... Јас верувам во нас.
Вчера сфатив колку многу се грижам за тебе и колку уствари се плашам да не ти се случи нешто лошо. Не би поднела да треба да живеам, а ти да не постоиш на овој свет...подобро јас прва да заминам.
Кога ќе речеш 'Не сум расположен' а ќе те слушнам дека пееш: it's so damn cute. Би сакала и јас да изразувам нерасположение со пеење а не со сарказам и grumpy mood. But I'm lucky cause you love every mood of mine. And I love your singing
На крајот, сепак успеа. Ете, конечно ми е сеедно. Само криво ми е за љубовта. Каде ќе замине? И не дека ти си посебен, туку таква сум јас.
Никогаш нема да ти пишувам долги реферати за годишнина зошто немам што да кажам. Зар не се добрините преку тие 365 дена доволни за тебе?
Ме опиваш со твоите потези. Where have you been all this time? И фала ти што си тука за мене, фала ти. Едвај чекам заедно да напишеме нова приказна.