Ти фали Штип? шо така? Епа седи си во Ск. ќе те молам мореее наоѓај време и сакам да те видам во Штип
Најмногу те сакам кога ќе ми се јавиш кога си излезен со другарите на кафе,како што направи и денес еве кисче за тебе .
Вака, прво ќе те сожалев и ќе ти речев: Ама сега, откако пак го спомна тоа твое фамозно кафе и се правиш како ништо да не било...во г*з има да ти го набуткам! Напаст. Попрво сама ќе го пијам отколку со тебе. Дај малце опрај се, мразам кога некој ме гуши.
Ти изгледа си завршил работа во мене, несакајќи или несвесно Ова није могуче, досега никогаш не ми се десило
Ти ме правиш најсреќна на цел свет,немозам да се замислам без тебе ти си се што некогаш сум посакувала..најубавото нешто што ми се има случено си ти,фала му на бога што те запознав со тебе научив што значи да си среќна во љубовта....те сакам
Сакам кога сум со тебе.Сакам кога не сум со тебе а сепак знам дека ме носиш во себе. Сакам кога ме галиш мазиш пазиш. Сакам кога си ми лут. Сакам дури и кога ми се лигавиш по малце .Сакам и кога ме нервираш. Сакам кога се истресувам на тебе,а ти ме трпиш.Сакам кога те љубам. Сакам што знаеш да ме сватиш.Сакам што и кога не ме сваќаш ,сакаш да ме сватиш. Сакам што не ме гушиш.Ама сакам и кога ја покажуваш таа твоја мала љубмора. Сакам што се гордееш со мене.Сакам што знаеш дека и јас се гордеам со тебе. Сакам што знаеш да ме дигнеш до небо.Сакам и што знаеш и да ме спуштиш кога треба. Сакам што кога сум среќна,си среќен со мене.Сакам што кога сум тажна си тука за да ме утешиш. И за крај да ти признаам веќе конечно ТЕ САКАМ , те сакам зошто ме правиш да се осеќам како најсреќна и најсакана девојка на светот!
Знам дека не знаеш како ми е. А баш би било убаво да си покрај мене и да ме гушниш. Да ме смириш. Само ти знајш како. Само твоите зборови сакам да ги слушнам. Се сеќаваш како ми беше на почетокот? Без волја за живот? Исто така ми е. Само што сега живеам со надеж дека еден ден ќе сме повторно заедно... Еден ден... Повторно... Заедно...
ми фалиш премногу иако ти бев лута за многу работи ипак убаво ми беше овие 5 дена со тебе МИ ФАЛИШ кога ке те видам пак копнеам по тебе те сакам срцушче мое најмиличко
Не сум анѓел, ниту ѓавол.Јас грешам претерано често, ненамерно.Потребен ми си да цврсто за рака да ме водиш низ слепите улици на животот.Сама незнам да се снајдам.Јас незнам да сакам, незнам да сум искрена, незнам да ти покажам колку ми значиш, и одново барам шанса која не ја заслужувам.И моја е вината затоа самата се туркам до работ на бездна без дно.Одам против самата себе, понизно на колена ќе те молам за прошка.Доста се изговори моја е вината.Јас без тебе незнам да живеам.Незнам.Нема никогаш да научам. И невозможното ќе го направам за уште еднаш да заспијам до тебе.
Ох,зошто повторно се навраќам на тебе!? Не сакам,не смеам Но тоа е посилно од мене! Проклет да е фб и проклетите групи и линкови што ги оставаат... Сега имам некој друг,ти имаш некоја друга поред тебе! Али ете,не можам! Едноставно посилно е од мене! Сакам да ти кажам дека сакам целосно да те избришам,како никогаш да не си бил дел од мене, и не ни заслужуваш..али ајде! Даааааај да се правиме како ништо да не било,не сакам да те имам ни за другар! Не сакам повеќе ништо,така се мачам себе! Полошо ми е.... А не сега,од никаде ми се појавуваш! Каде беше пред тоа !? Ми се гадиш сеа,и башка што дознав.... СРАМОТА! Не заслужуваш ништо..ни овој пост што го пишувам не го заслужуваш Ама морав да пишам,полесно ми е кога ќе се испразнам........ Ова е последно што го пишувам за тебе! ПОСЛЕДНО,кажувам пред сите! Од утре,друга приказна со тебе!!
Епа трет ден сум овде и не те видов. А би сакала, колку само да ти го видам ликот и да ти го прочитам погледот ако можам како порано.
Зошто повторно ми пишуваш ? Зошто навечер ми јавуваш кога имаш друга? Зошто лажно ми викаш те сакам ? Зошто не престанеш еднаш со твоето однесување ?..- Крајно време е да пораснеш.. Да сватиш дека сум те преболила.. да сватиш дека имаш друга.. Не и го прави истото како што ми го направи на мене.. !
Сакав вечерва да сме заедно и да надохнадам за однесувањето вчера ... ама ти ми враќаш на лош начин. Тогаш спиј. Ама си знаеш со кој инает имаш работа. Барем тука исти сме бику смотан. А да. Не ме мачи не ти кажувам што ми е.Ќе си чувам во мене па и по цела да пукнам. И така си доволно глуп да ме сфатиш !!!!!!!!! А утре, ќе дојдам ... ама за да вриеш нема прст до мене да доближиш. Ќе си седам на комјутер цело време. Па да видиш ти кој бик има поголеми рогови !!!! (може нема да е баш вака ама морав да се олеснам !!! )
цуци извини со ти хистеричев на телефон и кога дојде изнервирана бев за друго ама и ти си го бараше оти и ти ме нанервира ама сега неубо се осеќам
Цуцо ..... Што ти е? Што те маче? Оти несакаш да ми кажеш.....или па навистина не знаеш ....Баш би сакала ако можам некако да ти помогнам. Но како?