Лани славевме стара нова година заедно. И како пар, си поминав таа вечер доста лошо, неубаво. Знаеш зошто. И денес кога се сретнавме по толку време баш на стара нова година се уверив само дека нашата разделба е нешто најдобро што можело да ми се случи.
Само да знаеш колку те сакав и сеуште те сакам. Никогаш нема да ги заборавам твоите прекрасни крупни очиња, твојот глас, твојот мирис, твојата насмевка. Никогаш нема да заборавам на убавите денови поминати заедно. Никогаш нема да заборавам на нас. Се надевам ке бидеш посреќен без мене....
Биди најсреќен уживај јас ќе те сакам засекогаш највише на свет, можда ете ти ќе си засакаш друга и ќе бидете заедно и ќе ја запросиш и венчавка и свадба ќе и направиш и деца дури и за раздавање како што ми ветуваше мене бидете живи здрави цела среќа на овој свет ти ја посакувам до небото и назад дури и поише. А јас тебе ќе те сакам. Живеј го нашиот сон кога со мене не можеше со друга ќе можеш. Со мене нема иднина, само нервози си кажа сам.
Секој пат ја правам истата грешка, се вложувам себеси целесно енергетски и емотивно во врската, и очекувам дека ќе го добијам истото за возврат, како што и треба. Ама реалноста е малку поинаква. Морам да научам да бидам себична во врска, да си ги гледам моите планови, да правам како што мене ми одговара како што вие машките скоро секогаш правите, воопшто не перцепирајќи дали на нас тоа би ни одговарало. Од сега па натаму ќе си се фокусирам целосно на себеси, а ти види дали ќе ти одговара.
Шетаме низ Карпош фатени за рака, снегот паѓа врз нас, се смееме постојано, а успат ќе застанеш да ме гушнеш и неочекувано кажуваш дека ме сакаш многу. За мене ова е љубов, толку ми беше убаво денеска. Првиот снег годинава ќе си го паметам како најпрекрасно нешто.
Да би имала можност, да испаднам уште еднаш со бившиот, би му направила вака. Би спиела и се по ред сето тоа... Утредента би му оставила 50 денара и би му рекла: "Ти благодарам за убавата вечер. Прекрасно беше. Еве ти кеш. Нели. Курвите после завршена работа се плаќаат. И јас тебе те плаќам. Задржи го кусурот. Пријатно" Дали сум многу одмаздољубива или имам доста голема фантазија не знам. Ама доста голем мерак ми е тоа
Секое лошо за добро е,фала ти што ми ги отвори очите,што докажа дека НИКОГАШ не си ме ни сакала.Ти беше само јака на зборови,ти на зборови сакаше со мене да го поминеш целиот ЖИВОТ,ти на зборови сакаше со мене СВЕ,а делата ги нема НИКАДЕ,останаа само празни зборови.Јас никогаш не чинев во твојот живот,само глумеше на почетокот како јас сум ти НАЈБИТЕН,се додека не се дигна од ДНОТО,дојде на убави позиции,и веќе јас престанав да ти ТРЕБАМ,нормално што ке сум ти во ДОБРО,ти требав само за ЛОШО,али ако не се каам,сакам искрено да си СРЕЌНА. ЧОВЕК КОЈ ГО САКАШ,ОД ДУША И СРЦЕ,ГО САКАШ И БЕЗ ДЕНАР ВО ЏЕБ,И СО ПАРИ. ГО САКАШ И СО ПАЛАТА,И НА УЛИЦА,ГО САКАШ И ВО НАЈЛОШО И ВО НАЈДОБРО. И САКАШ СЕКОГАШ И СВЕ СО НЕГО,И НАЈБИТНОТО НЕМА СИЛА ШТО МОЖЕ ДА ВЕ РАЗДЕЛИ НА СВЕТОТ,ЉУБОВТА Е НАЈСИЛНОТО НЕШТО НА СВЕТОТ. ФАЛА ТИ ЗА СВЕ,БИДИ СРЕЌНА....
Колку и да ми е тешко секое испраќање твое на автобуска и железничка, сепак овие моменти кога вака се дочекуваме па ми се преубави.
Уште ми фалиш. Којзнае каде си, со која си и како воопшто би реагирала кога би те видела. Но не сум сигурна дали воопшто го сакам тоа. А, и после тебе некако самачкиот живот ми иде добро, немај гајле.
Посакувам никогаш да не те запознав заради тебе гомнару направив љубовен триаголник и направив многу глупости , не можам да поверувам што си дозволив . Ама јас сум највеќе виновна не си ти , ме фати на емоции копиле затоа што знаеше низ што поминувам . Требаше да знам каков си уште кога цело време ми зборуваше колку сум убава и згодна, само тоа го гледаше во мене и ништо повеќе. Многу си несозреан и површен . Подобро никогаш да не искочев со тебе. Сите скапи подароци што ми ги купи ќе ги фрлам во ѓубре !!! Затоа што ти си ѓубре !!! Очи да не ти видам копиле си уништив врска поради тебе.
Во друг живот ке си мојата љубов,во овој си ми казна. Ќе те љубам тихо, на растојание. И,секоја мала звезда ке ни праќа љубови поголеми од неа.
Не знам што ќе правам со тебе Дени. Сладок си ми кога ќе ми напишеш порака за добро утро со - убавице, разбуди се, ми фалиш. Сладок си ми кога ми мрчеш за The weeknd, знам дека не го сакаш многу после неговата операција ама за инает ќе ти праќам негови песни на месенџер. Сладок си ми кога ми зборуваш дека сакаш да откриеш што тајни кријат моите очи. На многу начини си ми мил, па и кога велиш седи овде, ако си нервозна, испокарај се со мене ама не сакам да заминеш. Душа човек. И не ми го колни тимот за денес, ќе те здробам.
Се сетив на ова што го пишав пред година и више Се случи токму тоа од кое се плашев. Си доби п**ка на изволте и баш ти е гајле за мене. Треба ли да те тестирам за да се уверам дали сум во право или не?
Никогаш нема да ми се тргне од пред очи моментот кога се тресеше како лист кога се онесвестив. Нема да го заборавам ни денот кога ме гушкаше зашто не можев глава од перница да дигнам и очи да отворам од болки без да помислиш на себе. Од кога почна лудилово не ме остави ни секунда сама, бдееш врз мене и ден и ноќ. Единствено што сакав е да не те фати и тебе, сакам да си добар и да се чуваш повеќе. Многу те сакам и многу сум среќна што те имам