Одвратен си. Ми се гади од тебе. Ме доведе до тоа ниво да не можам името да ти го спомнам. Не можам да си простам што сум те избрала тебе. Испаднав наивна, како да сум некоја неука што не можела да направи добра проценка. Ама како успеа сите да не увериш? Испаднав глупа и сега некој друг ќе ги сносува последиците. Јас завршив со тебе, но тој е тука засекогаш. Какви лаги си изнакажал, Телевиса пресента не ти се рамни за сценарија. Не користи го за да ми се одмаздиш мене. Знам дека немаш чувства за него и сета оваа грижа-негрижа ти е наметната (повторно), ама верувај, еден ден ќе дознае. Ќе дознае каков татко имал и што се сторил. Што се си ми сторил. Ќе порасне и ќе види каков човек да НЕ биде!
Иако те немам видено година ипол веќе, уште сакам да ти здрвам една клоца меѓу нозе, само пошо постоиш.
Oh well ... 23 јануар 2015, поминаа точно 6 години, а јас сеуште се сеќавам на болката, на тоа чувство како шило да ми го прободе срцето, и распарчи на милијарда несклопливи парчиња ... првото наше раскинување. Си ветив себеси дека никогаш повторно нема да си дозволам да ја почувствувам таа болка ... and i'm still dancing with the wolves ...
Многу ми е мило што не успеав да ти кажам се што планирав да ти кажам. Сега имам да ти кажам само едно fuck off.
Колку ми фалиш… Иако ова е последната разделба пред да сме (се надевам) засекогаш заедно, сепак секој пат кога одиш откинуваш дел од срцево. Кога ќе ме прашаат како издржуваме вака, секогаш викам дека не е е проблем, се сакаме, ама само јас и ти знаеме каква е секоја разделба на станица/аеродром. Уште малку…
Одамна собирам сили за да ти напишам „проштално писмо“, но постојано поттурнував. За викендот, за наредниот викенд, можеби за викендот после тоа... Посакав да ја почнам новава година со чисти и средени мисли, но не бев подготвена. Којзнае дали ова навистина ќе е последниот пат. Ќе пробам да биде... Не знам ни од каде точно да почнам. Мисливе ми се сеуште раштркани - како, зошто, кога? Ме боли помислата дека толку долго време сум живеела во заблуда. А боли уште повеќе помислата дека не сум била доволна за тебе. Доволно добра, доволно смешна, доволно интересна, доволно згодна, доволно што ли уште не... Доволна - за да направам да се чувствуваш среќно, а уште повеќе - да направам да посакаш и да се потрудиш да бидеш подобар човек, да ги смениш работите што знаеше дека треба да ги смениш. И сето тоа најмногу за тебе самиот, а после и за мене и за сите околу тебе. Да бидеш подобра верзија од себе. Но, ете, не успеав. Веројатно не сме биле „на истата фреквенција“. Во тоа сакам да верувам. Тоа сакам да го мислам, за да не запаѓам во уште потешки расположенија. Веројатно сум на поинаков начин добра. И тој начин е поразличен од начинот на кој што ти сакаш. Тебе едноставно ти требало нешто друго. И тоа е во ред. Тоа треба да е во ред, нели? Знаеш, и покрај се - ми фалиш. Ми фалиш неопишливо многу. Како никогаш досега. Иако не сакам да си признаам... Ми фали твојот глас, ми фали твојата насмевка и твојата гласна смеа. Ми фалат твоите брчки околу очите кога се смееш. Ми фали да ме гушнеш силно. Ми фали твојот мирис. Ми фали се поврзано со тебе. Ми фали твоето присуство најмногу од се. И иако од надвор изгледам цврста и силна - слаба сум. Во себе се кршам. И што е уште полошо, чувствувам дека во мене сеуште постои жарче надеж. Надеж дека некако повторно ќе ни се вкрстат патиштата, иако со секој нов ден знам дека тоа е се помалку веројатно. Се залажувам, знам, но, ете, не сум подготвена засекогаш да „се простам“ со тебе... Иако си ми веќе минато, се плашам дека жарот што го чувствував за тебе уште од првиот миг кога те здогледав, жарот кој стануваше се посилен и посилен со текот на времето - се плашам дека тоа нема да го почувствувам за никој друг. И тоа е по малку застрашувачко. И многу тажно... Дел од мене знам дека секогаш ќе остане твој. Дел од мојава душа секогаш ќе ти припаѓа тебе. И тоа е сосем во ред. Не се плашам, ниту срамам од минатото. Ти беше дел од мојот живот и тоа никој не може да го избрише. Знаеш, само сакам да не мислам веќе на тебе. Сакам да си го најдам мирот. И да сум среќна. Ништо повеќе... И, само уште ова сакам да знаеш, тебе те сакав како што нема да сакам никој друг. Детски и искрено. Со цело срце. Со цела душа. Подготвена на се. Сакав да успееме. Ама, веројатно на крајот од денот се се сведува на тоа - само еден кога сака малку е... Sometimes we make choices and sometimes choices make us... Goodbye my lover.