Веќе почнав да се плашам од убави мигови со тебе. Зошто како по непишано правило еден убав ден поминат со тебе наредниот е лош ден. Имам чуство како за поминат убав миг треба да вратам со камата. Постојано ли вака ќе биде?
Знаеш што? Многу добро знаеше колку те сакав. А ти што правеше? Не знаеше да ме цениш, ме изманипулира. После сѐ што направив за тебе и за што сѐ бев јас спремна за тебе, ти мене ми кажуваш "скурчена си ми, постигнувам мир додека не сме во комуникација, поубаво ми е кога не комуницираме". Дајбоже постигни си го оној мир што го посакуваше без мене. Биди најсреќен. Колку бев среќна со тебе, колку многу те сакав.. ти одлучи да си одиш. И оди си, среќен ти пат. Биди најсреќен исто како мене што ме правеше среќна како дете мало.. А јас ќе преживеам некако, можеби.
Ти си моето чудо. Верував дека некаде постои машко како тебе што знае да сака и е прекрасен, злато од човек е, си викав чим јас постојам, верувам во љубов, сигурно таму некаде ќе постои и машка верзија како мене. Постојано слушав наоколу тешко денеска машко да најдеш верен, што сакал и ценел, вакви такви биле мажите ама ти не си таков, ти си прекрасен. Не сакам генерализации никогаш и ти си доказ дека секогаш има исклучоци! Не знам како ќе заврши нашата приказна иако еве скоро 3 години секој ден си ја испишуваме љубовната приказна, но знам дека секогаш за мене ќе си најпрекрасното машко на свет, без разлика на се. Ти благодарам што ми покажа што е љубов, како е некој да те сака толку, да те цени, поддржува, колку е прекрасно кога некој верува во тебе и цело време се мотивирате меѓусебно да успеете, верувате во соништата и плановите еден на друг. Среќна сум што те запознав и се е полесно со тебе. Убаво е кога знаеш дека некој те сака и ти него го сакаш, дека некој верува во тебе и дека е секогаш тука за тебе. Не дека не можам сама, можам ама не сакам, убаво ми е со тебе, преубаво. Сонце мое, изморено од решавање задачи.
Немам оправдување за моите постапки ,дај ми уште една шанса јас не сакам тие 6 години да ги изгубам ,те молам прости ми нешто што не е за простување. Јас навечер не можам да спијам поради тоа што го направив јас не можам веќе вака , јас не сум при памет ,те молам А ти копиле многу те мразам а и сама се мразам јас ти дозволив да ми уништиш врската јас ти дозволив да се умешаш , се надевам дека сам ќе си останеш цел живот.
Кога јас речиси се откажав ти се активира... Ајде сега малку помачи се , оди ти по банки... и ти биди тој што за тоа ќе ми зборува. Знаеш ли дека се прашувам зошто во исто време не се заинтересиравме двајцата ... јас давав се од себе за да те убедам и за да успееме а сега е се обратно ... Но мирна сум , му дадов време на времето битно ми е што самиот свати и размисли дека можеме да ги реализираме нашите соништа. Но сепак сум среќна што пополека конечно се пронајде себеси . Немаш на кого да му се докажуваш, од некого да бараш да те цени да ти речи браво. Веќе една година живееш живот што одсекогаш си го сакал без да те повредуваат и кочат твоите родители. Јас ќе пробам да сум трпелива зошто знам низ се што си поминал и дека дури сега пробуваш некои работи да ги правиш што требало пред 10 години да ги направиш за прв пат. Јас сум тука до тебе да те гледам среќен ...
Ако стварно вреди да ми раскинеш за една обична ситница значи не си ме сакал воопшто. И како можеш да ме мачиш денови да не ми креваш на телефон да разговараш? Или сум со тебе и се е океј или сме раскинати, а ова што го правиш само ме измачува, немам сила да го трпам ова!
Една од омилените работи околу нас ми е тоа што со тек на време и двајцата несвесно си прифативме некои изрази и реплики карактеристични за другиот. Па сега секогаш си се смеам коа ќе кажеш нешто "во мој стил".
Знам дека некаде постоиш верувам силно дека ти некаде постоиш. Те барав цело време сите овие години те барав а сега, сега допуштам ти да ме најдеш. Да ни се испреплетаат чуствата Да се вљубиме еден во друг. Да живееме вечна љубов. Најмило мое сеуште не се познаваме. Но сакам да ти кажам те чекам да влезеш во мојот живот. Те чекам заедно да испишеме еден роман љубовен роман. Те чекам со широко раширени раце дојди дојди те повикувам.
Со тебе и тишината е убава, и смеењето до солзи, и не лути се човече кое секогаш е урнебес смешно со тебе, и гледањето смешни клипови и еден тон други ситници што ги правиме заедно и прават да ми е убав денот. Како поминуваат годините се повеќе те сакам
Вчера ми беше најубавиот ден во изминатиот месец. Се надевам дека секоја Недела ќе ја поминуваме заедно, во спокој и гушки.
Сеуште го чекам твојот волшебен збор збор кој ке го отклучи моето срце ке влезе внатре и поново ке се заклучи заробен во него Само ти сонце го знаеш Тој збор
Јас ти велам имам пмс болки а ти ме прашуваш како ќе раѓам ако се жалам од ова? Ајде да те видам тебе да раѓаш, тикве.
Сакам да те гушнам силно, ама премногу си далеку. Не вреде да се нервираш за небитни личности. Знам дека си премногу добар, и никогаш не враќаш на прозивки, ама јас се нервирам, кога ја користат твојата добрина.
Сакам да е лето. Да сме на море, на некој грчки остров. Па некое летно диско, со добра музика. Да се забавуваме до зори. Да го дочекаме изгрејсонцето на плажа, да ги слушаме брановите, да пиеме заедно утринско кафе на плажа. Сакам повеќе заеднички спомени и повеќе време да поминуваме заедно. Кога овие соништа ќе ми станат реалност... Се во свое време очигледно. Битно те сакам . Во главата имам многу убави планови за нас двајца. Ќе се остварат еден ден.
Денеска беше најубавиот ден во мојот Живот,на денешен ден 2020 година,те побарав за Жена.А денеска,денеска сме странци,денеска си ми болка,тага,немир,неверување