Секој ден се повеќе те сакам. Некогаш и се плашам дека е предобро да биде вистина и само чекам да дојде крај на сонот. Не сакам да ги споделам тие стравови со тебе затоа што се бесмислени и свесна сум за тоа.
Истата маица по втор пат ти завршува во мои раце. Тоа е знак дека не треба да ти ја враќам назад. Мириса на тебе.
Знаев дека ќе дојде до ова. Си го зема од мене тоа што ти требаше и на крај ме фрли ако партал.. Дуксерот што ти го барав да ми го дадеш гледам сега не го ни соблакаш, амми кажуваше широк ти бил ваков таков. Епа свака ти част. Сама сум си крива.
Не мислев дека некогаш повеќе ќе пишувам повторно на оваа тема....ама еве година дена подоцна мн работи се променија...не знам како си ама искрено ти посакувам да си добро
Љубов знаеш дека славење Валентајн ми и е без врска и реално не е наш,а и не сакам лигушења бла бла и мило ми е шо од почеток делиме исто мислење. Ден на вљубените ни е секогаш кога сме заедно Но пак секогаш ми даваш некој подарок, а мојот најдобар подарок е кога си со мене. Јас овој пат смислив пак нешто креативно, мало изненадување. Знам дека секогаш те изненадувам со поинакви поклони, се надевам само дека ќе продолжам уште многу такви идеи да имам. Одвај чекам петок
Не постоиш веќе за мене. Door slam бејб, door slam. Ете. Не е дека немам што да кажам. Само... не заслужуваш ни толку.
Не ми се верува какви работи дознав за тебе. Ти си бил ептен лош човек, лажго, манипулатор. А јас будала се залетав и ти поверував. Добро е што на време дознавам. Не сакам да те смислам повеќе.
Најубавиот момент со тебе ми е секое утро нешто после 6 часот кога ми носиш кафе, ми ставаш шеќер и го мешаш, а јас се топам.
Едвај чекам да ти го дадам подарокот и да се видиме и секако да јадеме пица . Би сакала да ти купував почесто подароци и да не е вака само за некои пригоди ама со љубов е се што сум одбрала секогаш. Толку можам, со месеци одвојувам на страна од џепарлак за да ти купам нешто за валентајн, роденден, годишнина и ете на страна некогаш ако остане за без повод. Знам дека тебе не ти е битно за вакви работи ама да имав свои пари се ќе беше друго. Ни мене не ми е гајле за вакви работи ама ќе излажам ако кажам дека не се осеќам важна кога некој гест ќе направиш за мене и ќе ми подариш нешто, макар и чоколада. Затоа сакам и ти исто да се чувствуваш и истото и јас да го правам за тебе. Те сакам многу.