Самата знаеш, јас сум посебен,но посебно е се што сум праел а сум немал.Но моментот никој не го знае,памти го најдоброто и коа ќе ме нема,ти си секад тука као тетоважа,за неа плаќам али болката ја сакам..
Што ѓавол ме тера да читам што овде сум ти пишувала... Колку ни беше убаво, еј. Колку бев среќна. Се чудам како тие зборови излегувале од мене. Која бев тогаш? Во кого се заљубивме, а кои бевме, и каде се сега тие луѓе? Стварно ли толку те сакав или само стварно многу сакав да те сакам? Не знам дали е важно. Сега... од се што имало во мене, ништо не остана, скоро како да не било. Можда ќе ми беше полесно ако можев да избришам се' што е напишано, за некој ден во далечината кога ќе запрашам дали било, ќе си речев не... и ќе поверував.
Мислев дека ќе ми бидеш само пролазна авантура, rebound, дека ќе биде премногу комплицирано да испадне нешто сериозно од ова нашето. Пет години подоцна си ми најголема поддршка во животот, моја иднина и без ни малку сомнеж, љубовта на мојот на живот. Само затоа што и двајцата не се откажавме, а многу би направиле така на наше место. Само затоа што продолживме да се одбираме еден со друг. Што и да се случи понатаму, знај дека ме правиш посреќна и подобра личност и ти благодарам за тоа.
Леле..shit... Ми текна како те повредив и колку грубо се испонашав. Сега имам грижа на совест. Не дека и ти беше некое цвеќе за мирисање де ама не можам да бидам бездушна идиотка бе.. уф. Што да правам кога не те засакав, тоа е. Подобро е што бев искрена, не ти губев време и ти посакав се најдобро со таа што вистински ќе те сака.
Ѕирни во срцето мое тоа има што да ти каже. Само делата мои можат да ја искажат мојата љубов бидејќи не постојат зборови кои можат да ја искажат. Ти си мое бебенце мое најмило и единствено мезимче.
Како ли не те запознав порано, како порано не нè спои судбината? Ме промени, многу ме промени, на подобро. Не можам со зборови да опишам колку те сакам и колку сум среќна што те имам.
Дека љубовта го држи светот, не се плаши да се заљубиш, направи промена во твојот живот не дозволувај домашните да ти го контролираат животот.
Знам дека сум импулсивна и претерувам. Фала ти што си тука да ми покажеш дека грешам, и спречуваш постапки за кои во иднина ќе се каам. Фала ти што разумно размислуваш за двајцата, во моменти кога паметот ми лута.
Добра личност си, ама љубомората не ти чини, ме убива. Ама од друга страна ми годиш, чувствувам голема привлечност кон тебе, ама те молам среди го тоа ако сакаш да успееме. Ми вети дека ќе ми го составиш срцето а не да го докршиш. Стој си на зборот Дејане. Не биди како мало дете со љубоморните испади.
Све да имаш, и од пиле млеко. Искрено, од срце ти посакувам. Али чат пат да ти доаѓам во мисли. Несвесно. И да сакаш да неможеш да ме заборавиш.
Мразам кога ќе се очукам, ми шеташ низ лавиринтите на мојот сјебан мозок, и после толку години. Едно нешто нема никогаш да разберам, ти дадов цело срце и душа, и пак не ти бев доволна, е тоа ќе ме боли засекогаш ... Зошто? ... тоа зошто ми го распарчува срцето Ме уништи начисто ... но, не си ти виновен, јас сум, љубовта е проклетство, јас сум виновна за се'