Многу сум горда на тебе за тоа како се справи со вчерашната ситуација. И онака, те сакам и те чекам да си дојдеш од работа за да те гушкам.
Ти благодарам што беше со мене во најтешките денови, нема да можам никогаш да ти се оддолжам. Ми се лутеше за одредени работи, каде што сега сфаќам дека си бил во право. Тука сум за тебе, секогаш.
Некогаш мислам дека ни малку не сум ти вредна, дека сум ти навика, дека немаш никаква желба за мене. Не можам да разберам како личност што тврдиш дека ја сакаш не ти буди никаква емоција, ако плаче, ако се нервира, ако ти вели дека е осамена, како може толку да си ладнокрвен. Некогаш искрено се прашувам дали се е глума, не знам дали може да одглумиш цел живот со некој, ама има некоја злоба у тебе и ме боли.
Обожавам коа ќе ми се јавиш 'на пет минути', па заглавуваме по два саати On another note, знам дека не ти е сеедно за промените што следуваат, ама како што ти кажав тука сум за тебе, јас го поминав овој пат и ќе направам се да ти олеснам тебе
Толку ми ја имаш разнишано довербата досега, не можам да ти верувам, во секоја реченица што ја кажуваш барам некоја дупка дали си излажал нешто повторно.. Не знам до кога ќе може да одиме вака, очигледно се ближи крајот
Во последно време многу имам еротски мисли Ти кажав сакам да те грабнам на 2-3недели и да ти правам се шо сакам
Вчера одбележавме 5 години од почетокот на нашата врска... Чувствата не избледуваат, напротив, посилни се од ден на ден. Благодарна сум што те имам до мене. 5 години со тебе, 5 години неизмерна среќа и љубов Среќна нека ни е годишнината, љубов моја
Се надевам дека те најдов Се надевам дека ти си тој вистинскито Се надевам дека ке ми помогнеш да го заборавам бившиот Се надевам дека ти си ми судениот
Баш си кјут кога се лигавиш, мрчиш, праќаш селфи сиот со прашина додека работиш и бараш моја. Па ме прашуваш дали сум твоја.. За инает не ти одговарам на прашањето.
Нема да ми ги исечеш крилјата. Нема да ти бидам роб. Јас сум многу посилна од што мислиш и ќе се борам за својата слобода и мир.
Преубави ми се сите муабети и фантазии за иднината што си ги правиме. И да, во право си кога ти викам дека премногу ми изгледаат добри за да излезат вистински, а ти викаш кога ме запозна бев 16 годишна девојка што имаше толку муабети за нејзините планови за 2 3 години подоцна, а види ја сега се што тогаш кажа навистина го направи, така ќе биде и со нашите заеднички планови. Кога ќе ми кажеш дека многу си ми ја сакал амбициозноста и како се ми е испланирано однапред, си научил од мене да поставуваш планови и цели и силно да се фокусираш на нив и навистина се остварувале ептен ми е мило ако бар малку сум влијаела во се што и ти постигна откако сме заедно. А, да и едвај чекам во петок да те видам дотеран после сликањето, апсолвенту мој. Ќе ми дадеш 2 сликички кога ќе ти ги дадат, за двата новчаници, да не ја менувам постојано од еден у друг. Горда женска сум.
Сакам да сум до тебе сега, да те гушкам и да не те пуштам. Можам те гледам цел ден без да трепнам. Ќе помине и ова душо, силен си ти, јас сум со тебе