Ме боли што ти дадов лажна надежд Ме боли... Точно дека те сакам, ми фали мирисот твој, зборовите твои, очите што нежно ме гледаа... Но не можевме да бидеме заедно. Секој ден се повеќе и повеќе се обвинувам себе си што не успеавме, но залудно...
Што бе да правам Дејане со тебе, м? Ем ми недостигаш, ем се караме, ем си љубоморен, ем се лутиш зошто ти се лутам што си љубоморен. Ниту вака ниту така оди. Овој пат нема да попуштам, макар пукнала од мака. Зборувавме за твоето доаѓање за да се гушкаме а не за она колку ми е мака што си љубоморен за секоја ситница ко мало дете некое. И седнав на пц и по грешка отворив месенџер а заборавив дека си на блок. Е до толку ми влезе под кожа и во мисли. Ѓубре.
Немаше посреќни од нас вчера, иако бевме нервозни и напнати цело време. Ме познаваш толку многу добро, што понекогаш мислам дека ми ги читаш мислите. Се обидувам да ти најдам маана, ама ти немаш ниту една (освен инаетот ). Секој ден, станувам се повеќе и повеќе зависна од тебе.
Некогаш се прашувам како завршив со тебе.. Некои работи што ти ги премолчив на почетокот а ти мислеше дека се соглсувам со твојот начин на живот, никогаш нема да си простам што премолчив. Сега скапо плаќам. Да имав втора шанса - се ќе направев поинаку,на мој начин..
Не ми се верува дека се дозволив сите твои нерешени трауми да ги испроектираш преку мене на олку манипулативен начин. Дозволив да ме скршиш и покажеш дека можеш уште повеќе, уште поладнокрвно. Додека сите другари ги советував како ,,не треба да заглават во токсична врскa" иронично јас заглавив во една од најтоксичните на светот. Па, згора на сѐ целата твоја контрола, како демек ,,случајна", комплименти, внимание. Потоа желбата пред сите да ме обележиш дека сум ,,твоја територија" за никој не ме допре како да сум од стакло. Океј, успеа, стварно. Победи, ти честитам. Земи ми го друштвото, земи ги сите. Не можам веќе. Прави ми што сакаш, и онака ми е сеедно и преку кур од сѐ.
Абе аман, 2 дена скарани и веднаш ме бараш секаде. Ми велиш своеглава сум ама пак ме обожаваш. Ако јас сум своеглава ти што си? Не ти попуштам овој пат толку лесно, ама признавам мило ми е што се трудиш да се смениш. Патем, и ти мене ми фалеше.
Ги одбројувам деновите. Сонувам за денот кога ќе излеземе од овој проклет стан, па можеби тогаш ќе ни се насмее среќата.
Го исклучи филмот да не го гледаш и бараше друго нешто само заради тоа шо јас го немам гледано, за следен пат заедно да го гледаме. Абе ќе те изедам јас тебе
Ако успееш да ме промениш, а на добар пат си, тогаш ти си вистинскиот. Се пред тебе било “утеха у пролазу”. Ти правиш да сум сигурна во себе, со тебе немам сомнежи, ти правиш да се чувствувам како принцеза, а од друга страна ми ги читаш мислите и знам дека ќе ми ги исполниш желбите. Не знам како се случи, дали требаше или не, но мислам дека те сакам. И дека сакам секоја вечер да те чекам дома.
Ме спаси сношти по не знам кој пат. Мразам што морам да те разбудам ко ќе сум во таква состојба.. Те сакам бескрајно..
Ти си совршен пример за биполарно створење. Штета. Не ми е мака, всушност среќна сум што не дозволив да имам токсична врска, затоа што ти си тоа, токсичен. Биди среќен, јас сум веќе.