Многу ми е криво Дејане што така завршивме. Многу ми значеше, ама не можев да издржам со тоа однесување. Мојот мир и среќа ми беа најважни, мислев ќе ги имам со тебе но се излажав. Лаги, манипилации, љубоморни испади не ми се потребни. Така врска не се гради. Се гради со искреност.
Не сакам да бидам злобна амаааа .. Многу ми е мило што си тажен се надевам така и ќе останеш ,мислеше дека си манипулатор и мене ќе ме зафркнеш хахаха ама се сменија улогите ти само глумиш манипулатор а јас сум тука за да ти бидам најдобра на свет со тебе и послем да ти го одземам тоа па пак добра па пак злобна и така се у круг додека ми дозволуваш if this ain't love I don't know what is it hahaha многу сум токсична ама ти и полошо заслужуваш Знаеш јас од секогаш сум бирала такви како тебе депресивни тажни и правам да се чувствуваат толку посебно како никогаш ги осипувам со љубов додека не си добијам тоа што сум зацртала и после си правам како ми одговара хахаха сега ти посакуваш никогаш да не ме запознаеше улогите се сменија .
Да можев барем уште еднаш да те видам како му зборуваш на синко. Ништо друго не ми треба, не ми требаш да си тука за мене, јас и сама можам, ама на него му требаш... Не знам како ќе издржам да бидам и мајка и татко истовремено, страв ми е, ми треба поддршка од тебе, му треба татко на бебето. Ама ќе се снајдеме ние и сами, не се грижи.
Еден час зборување со тебе ми поминува како 5минути Дури зборуаваме на тема што би правеле, како би се снајдувале кога би имале понатаму бебе Дури шо ќе го учиш ако биди машко, шо ако биди женско Дури рече ќе ти лакира нокти Те сакам бе!!
Скарани сме, ама си праќаме гифови од мачки како се гушкаат. Mило ми е што имаш доблест да се извинеш за грешките, да не ти се повтори следен пат глупирањето. Не сакам да се испуштиме поради инат.
Собирам зборови, чистам мисли. Наскоро ќе имам што да ти кажам, и тоа ќе биде последно од мене за тебе.
Секогаш го правиш истото. Не знаеш да разговараш отворено за проблемите, најлесно ти е да бегаш. Разочарана сум од тебе!
Не се предавај. Бори се храбро како што се бореше досега. Знам дека е тешко, знам дека на моменти ти доаѓа да речеш Доста е! ама цврсто верувам дека можеш. Пред некој ден го направи најважниот и најсмелиот чекор. Не можам да опишам колку бев горда на тебе. После ова, знам дека ќе се извлечеш од таа проклета темнина. А јас ќе бидам тука - до тебе, зад тебе и пред тебе.
Деновиве,не знам зошто,често помислувам на тебе,вдишувам длабоко и кога ќе издишам, ми треперат градиве, како со денови да сум плачела.Не, не сум плачела, срцево ми плачело, но не сум била свесна за тоа, а ти,ти едностано не фрли во вода.Се помирив со тоа,дека твоите чувства не биле толку јаки како моите, да се јавеше, да пишеше, ништо не направи. Се збогувам овде со тебе, оди во заборав,оди!Знаеш, има една мала светла точка која дава нова надеж, дека на друго место ќе се роди нешто убаво, ете тоа убаво не требало да бидеш ти.Збогум!
Не може секоја вечер сеедно да ти е. Мора да имаш барем еден миг кога помислуваш на мене. Знам и кога. Секогаш кога го пиеш првото кафе. Секогаш кога се гледаш пред огледало. Секогаш кога ќе излезеш да прошеташ, секогаш кога врне дожд. Секогаш кога испиш повеќе. Секогаш кога сакаш да се возбудиш. Секогаш, секогаш кога сакаш да свршиш. Секогаш кога се будиш. Знам. Знам дека помислуваш на мене од време на време.
Би сакала после толку време конечно некој од нас да собере храброст и да го направи првиот чекор. Го сакам тоа, сега. Потребно ми е. И ти и јас сме биле повредени, ајде заедно да си ги излечиме раните.
До пред некој месец јас бев таа се што ти пишуваше и прашуваше како си и што правиш,али со твоите постапки ми ѓи отвори очите и повеќе не си ми значаен.
Не дека не ми покажуваш дека ме сакаш.. Само што поголемо влијание имаат твоите минати лаги, што ме држат во место и не ми дозволуваат целосно да се препуштам. Се плашам да кажам дека џабе е сѐ што правиш, требаше порано да мислиш
Уживам во вечерните муабети со тебе. Сепак и не си толку лош колку што мислев. Остани така, мислам дека сме на добар пат.