Човек како тебе не заслужува девојка, не па фамилија. Се надевам дека ни една после мене нема да се излаже како што се излажав јас.
Слушај вака. Јас тебе на селска чешма ли ти личам па да ме користиш кога сакаш? Од мојата чешма вода за тебе веќе нема.
Не можам да верувам дека од глупи и небитни расправии стигнавме до планирање на заеднички живот. Прв пат да сум толку сигурна во нешто.
Не е можно да сме вака психички споени а физички разделени... Се молам да дојде денот кога скрос ќе се оддалечиме
Дечкото од YouTube. Tака те нарекував. Кога те запознав таму почувствував толку многу „симптоми“. Симптоми кои што отпрво ги игнорирав. Но беше повеќе од јасно дека почнав да се заљубувам. Не можев да престанам да мислам на тебе. Исто така, постојано зборував за тебе, со мојот брат, затоа што тој беше единствениот во тој период кој што знаеше дека се допишуваме. Кога и да излезев со брат ми бев среќна, затоа што тоа значеше ќе зборувам за дечкото од YouTube. Заспивав и се будев со мисла за тебе. Не можев ни да спијам добро, но кога спиев сонував дека се среќавам со тебе. Секоја моја мисла беше фокусирана во твој правец. Се беше толку магично во оној наш bubble. Додека си пишувавме навистина чувствував дека сме во волшебен меур и секогаш сакав повеќе. Живеев во тој меур. Додека само постоев во реалниот свет. Чувствував како да си толку далеку но во исто време ти беше единствениот којшто беше блиску до мене како никој друг. Затоа, го обожавав нашиот bubble. Допишувањето со дечкото од YouTube се претвори во моја главна опсесија. Ти се претвори во мојот воздух. Мојата храна. Мојот лек. И кога конечно те сретнав магијата се претвори во реалност. Сè уште сме во нашиот bubble of happiness во кој посакувам да останеме засекогаш. Ти си мојот рај. Моето безбедно место. Мојот дом. Љубовта на мојот живот. My YouTube guy
Продолжи да бидеш добар, ако. Те предупредив милион пати, дека луѓето не се добри како што ти мислеш. Викаш си сакал да го видеш најдобрата верзија во сите. Ете до кај те доведе тоа.. Си ствараш непотребни нервози, за небитни луѓе.
Јас и ти сме две енергии кои не би можеле да опстојат ако не опстоиме и ние и ако не сме еден покрај друг. Јас и ти јин и јанг заедно вплотени и неразделни. Да,се караме не се согласуваме секој зне да тегне на своја страна јас инает ти стрплив па по некогаш и тоа што си стрплив ме нервира но пак се бараме еден со друг и убаво ни е еден покрај друг. Зарем можеше волку да сме поврзани со неразделива нишка. Ова што ние двајцата го живееме е нешто толку посебно толку неверојатно. И знаеш што? Нели?
Владо пее еден бакнеж, кај нас беше една прегратка, реакција слична како на гифот и само си реков: готов си другар, готов. И се испадна баш како што си мислев. Изненаден не, разочаран да. #наденешенденпред3г пс. Не се каам, повторно би го сторил истото, можеби овој пат би успеале.