Животот е едноставно непредвидлив особено сега у доба корона . Дај отвори го срцето и пушти се во водите на Љубовта ....
А да се гушкаме јас и ти? Болна сум, и не ми е баш добро, па твојата прегратка добро ќе ми дојде, Дејан.
Посакувам за миг да можев да ги преземам твоите проблеми, за миг да те видам среќен без да се плашам дека нешто ќе ја уништи таа среќа. Последниве два месеца научив што значи да се плашиш за некој, научив како е да бидеш упорен да помогнеш некому кога е на раб на провалија. Тешко е за мене, можеби. Ама знам дека ќе вреди. Колку и да се плашам на моменти, многу подобро отколку да седам мирна и да си велам дека не ти е ништо. Овие два месеци те запознав подобро отколку во цели 4 години. Видов нешто во тебе што ретко кој го гледа затоа што на мене ми дозволи да видам. Можеби претерувам ама еден момент можеше и може да смени сѐ. На полошо, ама отсега може и на подобро. Биди храбар да покажеш дека некогаш не си
Уште колку ќе се измачуваме? Оваа нашето повеќе не оди. А никако да ставиме крај. Јас сум таа што треба да пресече. А секој нов ден се надевам дека ќе се промени, пак ќе бидеме старите ние, пак ќе бидеме среќни. Претешко ми е да поверувам дека едноставно ми згаснаа чувствата. Кога ќе погледнам назад, гледам само среќни моменти, двајца што се сакаат премногу, и не можам да прифатам што ни се случува. Боли да заминам, но ќе боли и ако останам. Не сакам да те повредам, не сакам да ги расипам плановите што ги имавме. Побогу, тоа беа и мои планови, заеднички, и мене ме боли. Знам дека ќе те уништат моите зборови, но, сигурно не е подобро да се залажуваме дека се е исто и нормално. А и, вака молчејќи се уништувам самата себе Преубаво минато, прекрасни планови за иднина, а болна сегашност. Да ми е само да знам, во кој момент почна да се руши се?
Бог прво те наградил со трпение а после ме подари мене на тебе. Ако не постоев јас животот ќе ти беше здодевен. Вака ти е интересен Храбро мое јуначе
Никој никогаш нема да дознае што се` се случуваше меѓу нас. А најдобро ќе биде и јас да ги избришам тие сеќавања и да те избришам тебе.
Онаа вечер кога за прв пат ме погледна со очи полни со страст... Тој твој поглед нема да го заборавам. И таа вечер. Те сакам, исто толку страсно и лудо како и тогаш, иако поминаа години.
Сакам да сум во твојата прегратка Да ме гушнеш онака силно како порано Да ме помирисаш и да ме погалиш по косата и да ми кажеш колку ме сакаш
Ехх животот е многу краток за да се ограничуваш пушти тоа срце и сакај ме безусловно, знам дека копнееш за љубов али не сакаш да признаеш.