Ми фалиш и ова за мене станува сериозно. Никој олку долго не ми задржал интерес, никој не ми фалел вака секојдневно, за обични работи. Кога ме фаќа лудило останувам мирна ради тебе. Едноставно те замислувам тука и се повлекувам. Не сакам да ме видиш таква и престанувам. Ги читам одново и одново разговорите и среќна сум. Среќна сум со сѐ што правиме заедно, иако оддалечени. Да, физички оддалечени иако до пред да те знам се колнев дека никогаш не би можела да почнам нешто на далечина. Ме променуваш на подобро. Стануваш мој суперхерој иако не си свесен за тоа. Сакам да те видам што побрзо.
Скоро еден месец заеднички живот Признавам дека бев преплашена на почеток, навикнав да живеам сама и да си имам свој ред. Се плашев дали ќе се сложуваме кога ќе бидеме заедно 24/7 и покрај тоа што не не ни е прв пат, сега беше официјално. Можеби уште сме во honeymoon фаза, ама се осеќам преродено. Не знам дали верувам во сродни души, ама ова нашето е најблиску до тоа… Нека ни се множат месеците
Се навлеков на тебе со цело срце и цела душа. Никогаш никого волку не сум сакала. Направи сета болка да ја снема, се да заборавам, да свртам нов лист , целосно да ти припаѓам тебе и само тебе, како ништо пред нас да не постоело. Фала му на бога што те најдов и што се заљубив во тие очи небесни. Фала ти што постоиш.
Намерно го направи тоа, нели? Намерно стави од твојот парфем врз дуксот затоа што знаеш дека го облекувам откако ќе си заминеш. Со тоа обично парче облека ја задушувам болката и ја пополнувам празнината во мене. Твојот мирис, топлината, па и допирот на твојата кожа ги барам во крутиот материјал. Но, што е со очите...? Кажи ми каде да ги барам нив? Проклето многу ми фалиш.
Порано многу ме нервираше твојот инает, е тоа од карактерот твој. И кога ќе ти речам дека кога се инаетиш си идиот, одма прашуваш дали ти се инаетиш, демек не било така А сега кога се инаетиш, 2% не те рецкам, па се смируваш за брзо душо Мене да не ме фати инает, оти тогаш е лошо.
Ме научи лекција, да не верувам на никој, со ништо. А емоционалната болка што ја нанесе, ќе остане како потсетување да немам доверба.
Колку само се посакувавме, само поглед беше доволен да се разбуди страста помеѓу нас, само збор за да сфатиме колку копнееме еден по друг.
Ти си најдобриот татко на целиот свет, не можам да опишам што ти гледам во очите кога го чуваш бебко! Прекрасен си, сите наши планови еден ден ќе се исполнат, знам, и нема да се откажам додека не ги исполниме, како до сега и од сега, иако многу не веруваат во нас, се правиме и успеваме сами! Не ми треба ништо повеќе од оваа среќа!
Се си мислам дека намерно правиш некои постапки. Можеби и не, си измислувам филмови, ко секогаш. Како и да е слатко е и смешно е. Повеќе накај смешно .
Еве ќе ти признаам. Да, те сакам. Сѐ уште. Ама не можам да си дозволам да бидам со тебе. Чувствата кога тогаш ќе исчезнат, а ти нема да се смениш.