Wish.... Sometimes I just hold you too caught up in me to see.I'm holding a fortune that heaven has given to me. Спојлер: Мрш .I.
Им се восхитувам на некои за храброста дека одат до крај. А јас овој пат немам храброст за да се искажам, туку само ваму пишувам.
Хм сакам коа велиш дека сум убава кога сум лута. Сакам да те провоцирам онака на шала и да ти го гледам љубоморниот израз на лицето. Потоа доаѓаш и ме скокоткаш. Сакам коа ми велиш бебче мое. Сакам се во врска со тебе. Само не ги сакам оние 3те квачки со кои праиш проект.
Се чувствувам како денес да бевме на прв дејт. А не беше дејт. Ниту па беше прв... Само прво видување по разделбата. Немавме доволно време, останав со милион прашалници во глава и со безброј проголтани солзи. Не мораше ништо повеќе да разговараме, само камо да можев да те гушкам подолго...
Едвај чекам да помине колоквиумскава и во петок да си се видам со тебе. Ми се одмара во твојата прегратка.
Ти благодарам за уште еден прекрасно поминат ден. Многу убаво си поминав, се осетив исто како на првите дејтови пред 3г кога ни беа.
Би ти кажал само дека те сакам. За среќа, моментално си на 5 метри од мене и во некој благ сон, па веднаш штом ја допишам реченицава, доаѓам и лично да ти шепнам (не грижи се, ќе внимавам да не те разбудам) - те сакам.
Кога и да се чуеме ќе се искараме.И да не се искараме некад, тогаш ќутиме. И не е ништо како што беше.Зашто се мачиме поим неам.
Поставив премногу високи цели за нас ... можеби двајцата не сме подготвени да го зграпчиме денот онака како што знаевме. Можеби ...
И ја дадов на другарка ми подршката, тоа што и требаше. И милион совети како да се справи со разводот, а јас се уште не знам како со тебе да се справам. Ми недостигаш, ама ќе помине, се поминува.