Со последниот бран кој го пушти ме отфрли од себе црното море, со првата прилика која се укажа. Не можам да се исправам, не гледам само темнина пред мене.
Со тебе никогаш не е крај, иако со тебе љубовта губи смисла и значење, Љубовта не е болка, а ете не, као хрчаци у кафез трчаме у кругот и секој нов круг е интересен пошо сме го заборавиле претходниот. Кога сме заедно сме непријатели, Не знаеме да го сочуваме нашиот тим, навиваме за тоа што ќе му разбуди поише лутина и гнев на другиот. Иронично или не, те сакам поише од се’, без никаква резерва и со крвава глава, скршен нос и поматен вид од удирање во ѕид само тебе те викам. Тебе те вика душава што не се умори и после толку ебени години, те сакам со се’ што сум, а не ти е доволно. Пишувам и плачам, си викам боже до кога, ама не е ова ‘збогум засекогаш’, ова е ‘до некоја следна прилика’. Каква и да биде.
Го гледам твојот омилен филм. Болка и празнина има во мене. А пред година ипол...не се опишува тоа прекрасно чувство што го имав додека го гледав, неповторливо. До каде дојдовме..никогаш не очекував дека ќе е вака.
Па.. и не си толку лош колку што мислев. Баш напротив. Тука си кога ми треба нешто, несебично ми даваш љубов иако имаш некои киксеви од време на време, но и ме прифати таква каква што сум. Тоа ми е најбитно. И грешеше за некои работи, но кој не греши? Никој не е совршен. Сакам да видам како ќе течат работите иако се уште ќе те држам на дистанца. Длабоко во себе верувам дека на крајот работите ќе бидат како што беа.
Дали сеуште ме спомнуваш? Дали сеуште се будиш и мислиш на мене, зошто ме нема? Како се беше океј еден ден, и наредните 24 часа се се смени...? Како се менуваат луѓето така преку ноќ?
Кога ќе не' видам на сон среќни, одма штом отворам очи имам нагон да ти пишам. Ама за брзо се враќам во реалноста и оставам телефонот..
Секој пат исто завршува, секој ебан пат си велам дека не вредиш веќе да плачам за тебе и пак се вртиме во круг. Аман, заминувај и не се враќај. Подобро ми е сама.
Уште еден поминат ден без тебе , без твоето присуство , без твојот магичен поглед кој ме полудуваше секој миг кога ќе ме погледнеше ,твојата насмевка како мало кротко бебенце ,ми фали сето ова , ми недостига , барем да можев да те видам уште еднаш , би направила све , со нетрпение го чекам тој ден , сепак како што велат надежта последна умира .
Едно големо благодарам, благодарам со воодушевување. Затоа што секое навраќање кај тебе, е враќање кон себе. Идеално, со мирис, вкус ,спокојно. Со внимание насочено единствено, кон нас, до најситен детал. Хронолошки, секогаш на поинаков начин.Ама наш. Има живост, људско е, миризливо, некогаш збрчкано и комплицирано.Ама наше.Мое и твое,возбудливо. Необично, во сите добри и лоши денови, сепак идеално.Благодарам за нашиот свет од минатото, кој има иднина која ја вкусуваме во сегашноста.