Не ли сфаќаш дека не ми е гајле веќе за тебе? Конечно раат дишам, без да се замарам дали ќе се налутиш, оти ти секако на секој втор збор се лутиш. Дури смешни ми станаа твоите лутки.
Едвај чекам да имаш можност да ги искусиш сите мали работи, архитектура, чисти улици, убави излози, расцветани дрвја, ситници кои знам дека те прават толку среќен. И уште повеќе, да ги искусиме заедно, да ги забележиме нештата што многумина ги земаат здраво за готово, а нас ни значат и се причина денот, неделата, месецот, годината да ни биде поубав.
И кога ќе помислам дека не вреди и дека треба да се откажам, добивам некој “знак” дека не треба. Дека сѐ што вреди и трае не доаѓа лесно. А ти вредиш. И ќе чекам. Ќе чекам додека последната светулка од магијава не исчезне. It’s a promise.
Денови, а можеби и часови нѐ делат од цел еден нов свет во нашиот мал свет. Толку мал, а толку најголем. Те љубам.
Како се поднесуваат еден тон лаги еве не знам.. Како се враќа доверба и тоа не знам.. изгледа не е можно
Ќе се заборавиме од толку инает. Едно е сигурно, јас не сум повеќе иста. Јас не попуштам. Јас нема да те побарам. Знаеш... Веќе за секого ми е сеедно, освен за блиските. Тие ми се број 1. Останатите, не постојат за мене.
Секогаш кога мислам на тебе јас умирам , а ти не знам дали и се сеќаваш на моето име . Зар паметиш дека постојам јас или можеби сум ти само бледа слика . Којзнае која е сега во твоите прегратки додека јас умирам од тага затоа што не можам да те имам , затоа што си далеку и многу нејасни прашања . Но како и да е ти заземаш историско место во моето срце и живееш во него како икона која ми дава храброст да продолжам поматаму и покрај мракот што ме опкружува кој ми дава сила дека ќе дојде денот кога повторно ќе го осетам тој допир кој ќе го разбуди немирот во мене . Не постои ни еден миг во кој не сум помислила на тебе , но се прашувам дали го заслужуваш тоа , дали ќе го паметиш моето име и ќе го паметиш оној ден што јас ќе го паметам засекогаш . дц ....
Реков ќе спијам ама прво ова да го напишам. Ми фалиш, скапан некој. И сакам да заспивам и да се будам до тебе. Ама ѓубре си. И не пишувам веќе за тебе. Макар пукнала од мака. Пу!
Ќе заминеш ли и ти кога ќе дознаеш што носам во себе или ќе си стоиш на зборот и ќе бидеш поинаков од сите?
Само се надевам нема да попуштам и да ти пишам... пуштам да ти недостигам, да видиме до кога ќе тераме вака... ме уништуваш...
Не сакам веќе да те видам, ни да те слушнам, Фаќај патот, заборави и на мене и на детето, олесни ни го животот и на двајцата.