Еден ден ќе ти ја посветам песнава и се надевам ќе бидам среќна, а ти по втор пат ќе глумиш дека ти е сеедно. Ми доаѓа од кожава да си излезам од мака што дозволи други да ти го управуваат животот ама јбг кад ме за се’ ниси хтио ти... Не ни памтам колку време збор не сме размениле, а мислев не можам без тебе. Аха, еве ме умрев. Без секој се може. Више ниси главни лик, бира ти се наслједник.
Толку многу нешта останаа неискажани, ама мислам дека џабе ќе зборувам, ти секако нема да разбереш. Поарно тука ќе ги пишам. Злато, тоа што одбивам да ти се покорам не ме прави незрела, туку силна. Заминав, решив да те избришам бидејќи така е најдобро за мене. И слободно мисли си дека сум себична. Ама па, на кого треба да гледам да му е убаво, на тебе ли? Тебе се трудев сите желби да ти ги исполнувам долго време, а ни еднаш не рече фала. Будала сум била, оти толку време сакав само ти да бидеш среќен, па заборавив на мојата среќа. Ама тебе ништо не те прави среќен, ти знаеш само за омраза, за огорченост, за љубомора. Епа злато, на такво место не можам да дишам. Доста беше.
Ти си ми најверен фан, за се ме фалиш и поддржуваш. Не ми давај толку многу комплименти, ќе си го дигнам егото. Ајде, нека дојде петок, ми се гушкаш па, не си свесен колку ми фалиш, да можам 24/7 со тебе само ќе си бидам и ништо друго не сакам.
Убаво ми е шо памтиш детали за мене, шо ме прифати оаква каква шо сум, шо знаеш да ме смириш, шо си дете со мене, и знаеш како да постапуваш со мене.
Толку ти е тешко да ми ја исполниш таа желба за која те молам месец дена?! Зарем еднаш не ти текна да размислиш „еј, ова би ја успреќило, ај да ја изненадам“?! Сум ти кажала. Ми треба внимание, ми треба да ги тргнеш само своите желби на страна и да направиш еднаш јас како што сакам. Знам дека ме сакаш, ама ми треба некогаш и да покажеш колку ти значам. Сакам повремено и да ме разгалиш. Сакам да мислиш само како да ме усреќиш, јас секогаш го правам тоа за тебе. Сакам да ме изненадиш, сакам да си малку романтичен. Ми треба возбуда! И сум ти го кажала ова. И не сакам да слушнам „што не си романтична ти“, „што не ме разгалиш ти“, „што не ме изненадиш ти“. Сакам ТИ тоа да го направиш. ОК?!
Колку си сладок кога се јачиш на пораки. А си такво мило и мирно, кроток ко јагне . Дојди ваму да те гушнам и бакнам.
"Каде и да сум, во било кое време, животот е прекрасен со тебе" it's so cute кога ти ја пеам песнава а ти ме гледаш збунето затоа што македонскиот не ти е мајчин јазик. И потоа правам не-толку-добар препев на англиски. Сори Каролина
Жал ми е што не ти дадов можност да те запознаам подобро. Којзнае што мислев кога ти кажав дека не можам да ти дадам шанса. Велат, ако не се вразумиш сам, ќе те вразуми животот, а тој нема баш добри методи за тоа. И вистина било. Еве сум пак, сега навистина сакам да бидеш дел од мојот живот, макар ми бил само пријател. Добрите луѓе се ретки, баш затоа се и највредни. ❤
Не го познавам овој ти. Всушност, веќе неколку месеци поминаа како не те познавам. Не знам кој си ти, што сакаш од мене, шо цел имаш, што се обидуваш да направиш, а ми делува како на моменти и самиот да не знаеш.