Таа последна вечер пред 3 месеци кога ми кажа дека не си среќен повеќе... како да го вратам времето и да ги сменам работите? Како да те заборавам кога прва и последна мисла си ми ти?
Сакам кога те провоцирам, па ќе се исклучам и те оставам сам да се "гасиш." Си го бараше, си го доби. Се фати за орото, до крај ќе го одиграш.
Ако продужиш со понашањево има да излезе на виделина најпсихопатската верзија од мене и има да те истрауматизирам толку многу шо ќе посакаш да си геј и да немаш више никад нишо со женско. Јасно? Ти давам 48 саата да се прибереш, ако не, има да зажалиш шо уопште ме познаваш. Биди среќен што воопшто ти била некад пружена шанса и можност да сум ти достапна. Врати се у колосек или ќе те дотолчам. Твој избор.
Кога слушам песни секогаш помислувам на тебе. Кога ќе те видам срцето повторно ми растреперува и после толку години... Али она да те сака како мене никогаш!
Мораме денес лице в лице да зборниме, да дефинираме шо како понатаму. Пошто вака поќе нема да можи, се уморивме многу. И покрај скоро две и пол години заедно, некаде многу грешиме.
Учам со пуштен транс во позадина и за момент одлетав со мислите. Не замислив мене и тебе на некоја денска журка на плажа на грчки остров. Облечена сум во лелеаво фустанче со гол грб, играме без престан, иако е 50 степени надвор тоа воопшто не ни пречи, уживаме во музиката и целиот спокој и рај, пиеме некој преубав летен коктел, се е прекрасно и нормално. Нема никакви грижи и обврски, само јас и ти, музика и плажа. Се е преубаво и безгрижно. Ете ова е мојата замисла за перфекција. Во мислите сум сопственик на beach club во кој постојано ги има најдобрите транс и техно траки, најубавите коктели, сите уживаат и се среќни кога доаѓаат тука и ти си до мене, живееме на остров и далеку од се. Ајде сега назад во реалноста. Од се ова те имам само тебе. Ама и тоа ми е доволно. Ме правиш најсреќна знаеш.
Се вери а? Со среќа нека ти е… Ај сега да си го вратиме филмот наназад дури беше во врска и Симона ( лупнав така име ) не знаеше дека постојам. Ни јас не знаев дека постои Симона. Уште дур во Хрватска ми сврте некој филм,а јас наивна и глупа и залетана по вниманието што ми го посвети по цел ден и кога наеднаш испари преку ноќ оти ти се десиле милион пресврти,па се преиспитував дал нешто згрешив, и кога ќе ми се јавеше и те гледав на плажа како си уживаш не бев свесна дека се е тоа филм. А може си бил со Симона во меѓувреме и некако сѝ и свртел филм. Како бре мирно спаваш од ко ќе набиеш рогови некому, и кога свесно гледаш колку убаво стојат тие рогови некому,па продолжуваш да ги набиваш насладувајќи се од убавината. Како тоа ти билда его, кога сред пријателите знаеше да ми кажеш “Те сакам” па и мртов пијан ми го вртиш тој филм. А сега одеднаш после скоро година и пол ти си верен, верен до гроб на својата идна жена. Леле ми се повраќа,нема проблем ќе глумиме лицемерие ама извини стварно Ај сега вака дали Симона знае дека за година и пол инсистираше да се видиме, а јас упорно ти потенцирав дека си имам момче и не набивам рогови. Ти тоа не можеше да го разбереш па си беше упорен. Ми велеше “Па што ако сум со Симона и што ако имаш дечко,никој нема да знае”. Тоа беше испод моето достоинство и чест да го погазам моето второ половинче за тебе, за пак да и се вратиш на Симонче кое среќно те чека да легнеш покрај нејзе верувајќи у бајките кои и ги раскажуваш секој ден. Ах Воопшто не си ме знаел како што треба. И секој нареден пат кога ќе ми пишеш колку сум ти недостигала сум среќна што те немам. Сум среќна што тој период сме се разделиле и сум го запознала мојот принц што ме чува како кралица, што знам дека нема да ми набие рогови, што знам дека нема да легне покрај мене со лицемерие и нема да мириса на друга. Криво ми е за Симонче, што е 100% сигурно дека не ти мрда опавчето по други затоа што ти ги бришеш пораките. Симонче да знае за мене би и сервирала милион пораки Но, големо Но дека имам добра душа и совест не сакам да бидам причина за страдањето на Симонче оти знам колку боли женска солза за предавства мудро ќе си молчам и ќе оставам на кармата. А кармата е тешка кучка,па јас да сум на твое место повеќе од неа би се плашела. Со среќа
Не можам веќе, срцето ќе ми пукне. Те молам оди си, те молам не ме барај веќе никогаш, не ми глуми љубов, не ми глуми дека си нешто што не можеш да бидеш. Не можам веќе. Одамна е крај, нема поента ова веќе.
Хеј, фала за се' досега. Од се' срце. Се погоди моментот, поставуваше прашања кои требаше да бидат одговорени многу одамна, ама не дозволував никој да ги постави, и таа вечер не знам зошто оставив простор за тоа. Не се каам. Не знам што се случи последно, али океј е. Мислам, пецка малку податокот што избра друг место мене на целото време кое го вложи во обука, но... Спортската злоба ми помага јер сум подобра. Глупаво е секој пат кога некој бира некој друг место мене јер кога сум во игра, играм боље од сите 98% од времето, што компензира кога атитјудот ми куца. Лојалноста е само плус. Но ти ја изгуби, па ми отвори пат да не се чуствувам виновно кога ќе дојде време да те поминам. Тоа е целта ако се напредува во правилната насока. Па и тоа на страна, однесувањето последната седмица ти е страшно глупо. Немам објаснување, а и според нови околности изгледа нема да има потреба ни да дознаам. Сакав само да оставам позитивен фидбек за тебе, навистина освен благодарност не сакам ништо друго да поврзувам со тебе.