Znaes mnogu e teshko da se zivee so chovek so koj nemas zaednichki raboti osven obvrska. Teshko za site a neizbezno.
Шо тестираш ти? Како ќе изреагирам, дали ќе те побарам? Не ми е гајле, не те сакам во животов, не сакам да те видам, не ми треба ништо од тебе, доволно ми го загорчи животот, зошто би дозволила да продолжиш со истото?
Ќе ти кажам една тајна и последен пат пишувам ваму за тебе Д. Во животот имам два пати сакано. Него и тебе. Нему никогаш не му кажав дека го сакам, ама затоа тебе мал милион пати пред некоја недела. Преголем товар носиш со себе и јас сакав да ти бидам подршка, ама премногу си токсичен, и затоа пред некој ден после разните совети решив да ставам крст на моето со тебе. Заслужувам подобар, нема да плачам секој 2 ден од тебе. Иш.
Колку ми е мило, што оладив од тебе, за олку кратко време. Не ми кажувај дека ти е грижа за мене, знам дека не ти е.
А викаат кога сакаш некого вистински може нема многу да те боли раскидот ако чувствата се половично изладени, но ќе те боли иднината без таа личност. Мене ме пече дел од затворена рана која ми се отвора во соништа. Чат пат го сонувам и ме запекува раната, а јас го пуштив да замине. После толку години отворив профил да го видам и го гледам ист каков што сум го сонувала.
На еден дечко на времето, моја голема љубов. Смотан еден што немаше храброст да се избориш за мене, колку ли ќе бевме среќни денес. Нашата љубов беше како од бајките, една и единствена. Секогаш ќе имаш посебно место во моето срце
Некогаш ми иде да те запросам а некогаш сакам да спакувам торбица и да сменам континент за да те заборавам.
Времето ништо не избриша. Само уште повеќе ги засили чувствата. Времето ништо не променило. Само ми покажа кои сме ние навистина.
Како може бе да речеш дека јадеш сладолед со вкус од севен ејт наместо After Eight и да ми е најслатко нешто на цел свет, ебате тоа тенџерето смотано. А најнајсладок момент ми е кога ја запаѓам од смеење, а ти со тоа збунетата фаца се чудиш што имаш истрескано, па после коа ќе ти кажам ќе се утепаме од смеење заедно. Севен ејт, ебате тоа глупото ебате
Како можеш да помислиш на заедничка иднина, а забораваш дека си татко? Засрами се од син ми. Велам син ми, бидејќи само мој е, во мене расне, и покрај мене ќе расне цел живот. Не е твоја играчка па да ти текнува дека постои од време на време.
За малку ќе не фатеа на дело Втора ваква авантура со тебе, шо не мислев дека некогаш во животот ќе ги правам. Сакам уште многу вакви авантури Од затворена, посрамежлива од тој аспект, секогаш ја разбудуваш дивата во мене.
Мразам што те познавам толку добро и знам што се крие позади тие тешка воздишки. Интуиција ретко ме лаже, па покрај тебе и мене ми е се потешко да дишам..
Кога и да се види ме се погледнуваме , а твојот поглед ме убавина начисто . Што е тоа дали е чуштво некое или само празна надеж да биде ме заедно , а врск немаш дека ми се допаѓаш ....