Толку многу години го барав ова чувство ... да се осеќам своја и спокојна во нечива прегратка, а само во твојата тоа ми успева. Мојата глава потпрена на твоето рамо, слушајќи ти ги откуцаите на срцето, гушнати заедно во кревет и чувство на нирвана, времето како да запрело. Тоа е чувството на спокојност и смиреност кое што го барав со години наназад, и никогаш никаде не го пронајдов во ниту една прегратка, освен во твојата. И да, дур лежевме гушнати, иако се правам hardcore bitch, ти кажав дека вака не сум се осеќала одамна, толку спокојно ... ми рече не оди на сентименталност, било што било, поминало. Не дека не го знаев тоа, знам дека никогаш нема да биде ништо како порано, но ете во тој момент се ослободив и барем го кажав тоа што го осеќав во моментот. Tnx for all ... fly free my Papillon
Ти ме научи да не верувам во случајности, туку да се сомневам дека зад се` мора да се крие некоја намера.
Од ден број еден се чувствувам како teenager in love покрај тебе. Пред да те запознаам ме иритираа парови кои се ептен lovey dovey и сметав дека никогаш нема да бидам таква и јас. Затоа што не сум искажувала емоции на тој начин. But oh boy, now I'm the same. And it's the best feeling ever. I am a teenager in love, even tho I'm ''old''
Да знаев што ти е, да ми кажуваше повеќе што те мачи, ќе бев тука за тебе. Знам дека некои работи треба сам да ги решиш, ама тука сум за тебе.
..не знам дали приметуваш.. ти дозволувам простор онолку колку што ти е потребно, но ти упорно ме туркаш баш сега кога почнав да ги симнувам ѕидовите.
Само ти ја имаш таа способност за помалку од 24 часа да направиш некој да те мрази за цел живот. Губи се. Никогаш веќе нема да ме видиш, а дури кога ќе го сфатиш ова ќе се свестиш што сѐ изгуби.
Изгледаш исто, можеби и подобро. Ама душата ти е гнила, можеби и повеќе од порано. Ми се згади и тоа вистински, физички, кога те видов. Ако за нешто жалам во животов е тоа што толку години ми требаа да сфатам, дека сите мали слатки работи се само параван на големи глупости. Многу љубов и време залудно потрошени. И ако некогаш бар малку си ме сакал, сигурна сум дека сегашниот живот ти е фарса. Ти живееш(е) за адреналин и екстреми, а сега живееш секојдневие налик пензија. Никогаш нема да се смениш, и подобро за мене.
Ја заслужуваш сета моја подршка и ќе ја добиеш.А криво ми е мн...ама не е фер сега себична да бидам.Ти си голем човек..и покрај таков не иде слаба жена.
Знаеш што си ти? Насцис со огромно набилдано его толку си самобендисан и нормално ти секогаш си во право и тебе сите жени те сакаат па јас сум требала да бидам среќна што сум со тебе ми се лоши од твојата близина. Читав но не верував дека е толку тешко да се излезе од ваква врска. Но,знам дека не е невозможно. Затоа еден ден јас ќе бидам на една страна од светов ти на друга.