Последен пат ќе пишувам за тебе во темава. Секогаш бев тука, кога ти беше најлошо, кога беше депресивен, кога ти беше досадно, кога ти требаше друштво за гледање серии, зборење до 2 по полноќ, зборење од теми за фудбал, до deep conversation. Секогаш ти давав совети (иако ми кажуваш дека сум дрска, вистината боли нели?), никогаш не ти мислев лошо, само најдобро ти посакував и сеуште ти посакувам. Ти кажав да ги тргнеш розевите очила, со кои го гледаш светот и дека она ќе те повреди. Ти кажав, нели? Сега ми викаш дека те "повредила"? Те предупредив, ми рече дека треба да ти дадам поддршка. Ти ја дадов! Но нема веќе. Те познавам три години и последните месеци, ја уништи целата добра слика што ја имав за тебе. На момент не знаев дали зборам со тебе или со некоја друга личност. Ти благодарам што ме научи на лекција. Дали ти ќе ја научиш некогаш? Не знам. Ти посакувам да бидеш среќен, бидејќи го заслужуваш тоа. И знај дека секогаш постои карма. Иако твојата стигна премногу рано. Ќе продолжам да зборам со тебе, ама не очекувај да бидам тука за тебе во секое време. Не го заслужуваш тоа. Ти благодарам, заради тебе запознав премногу добри луѓе и го имав најубавиот ден во мојот живот. Ти благодарам исто така за Интер. И никате нема да стигнеш со тоа твое его. Продолжи така. Someday I'll be everything to somebody else.
Љубовта е каранфил, ванила и ебена пролет одеднаш. Не е драма. Не е ,,утре сум со Петра, не ми ѕвони". Не е ,,мора да истрпиш уште малку тага и болка за да бидеме среќни" Не е ,,бев под дејство, затоа те изневерив" Не е ,,ќе се видиме денес, ама утре го напуштам градот". Мразам и не толерирам изговори. Сакам да сфатиш дека сум "ride or die". Сакам да знаеш дека со тебе сум најблизу до 'врвот'. Сакам да знаеш дека откако те запознав научив што значи да се биде независна во секоја смисла на зборот. Сакам да знаеш дека покрај тебе скоро цела година се чувствувам сигурно во сиот хаос, онака како што веќе многу долго не се чувствував со никого. И за крај сакам да знаеш дека ми е гајле што ќе мислат другите и колку ќе бидат изненадени. Те сакам затоа што изгледаш преубаво, пренежно, препаметно. И за крај - затоа што го имаш она што не го најдов во никој од нив...
Зошто бев толкав слепец и не видов некои работи навреме. Не го живеам животот што го посакував тоа е факт. Ти си предобар со мене, незамрнлив татко си, но толку сме различни карактери, небо и земја сме човече.. Точно таков карактер што најмногу ми оди по жифци.
Ја другу љубим јер тебе не могу... али буквално лол, многу глупо чувство. Зашо толку педерски се испонаша бе? Ај доволно, the joke is over, дозволи си комлетно спиритуално, физички и ментално да те обвие мојата прекрасна енергија и дојди ми едноставно, не биди пичка, како да ти кажам. Мислам јес да ја ти ја давам моќта да ми влијаеш вака и ти не си нишо поише од мушко парче месо али знаеш дека патам од болеста вниманиенемија и ко стварно заслужувам да добијам тоа што сум намислила. И знам дека ова што се дешава моментално е God’s way of saving me from future trouble али срцка ѓаволот на рамо скроз ми се смешка коа ќе помислам на тебе. Манифестирам случајна средба, затоа сум секад 10/10 спремна
Значи, вака изгледала среќата. Ти благодарам што ми дозволи да ја запознаам одблизу, да ја почувствувам.
3 години од нашиот прв дејт. Се сеќавам како вчера да беше, по толку години што се имавме на социјални мрежи, со години честитање родендени еден на друг од култура, се почна со некој обичен муабет и другарско пишување со месеци. Всушност и тој дејт и ни беше скроз другарски иако го облеков најубавото фустанче, се дотерав специјално за тебе, сакав да си поминеш убаво зошто доаѓаш од друг град и да не си речеш џабе се мачев да дојдам, дојдов цела усрамена пошо знаев до некаде дека ни е прв дејт, а не само другарско искачање, забележав дека имаш поинаков интерес за мене и не знаев што да очекувам, дали и во живо ќе имаме толку многу муабет, како што на интернет од сабајле до вечер имавме... Физички не беше мој тип ама не можеше да останеш во френдзона, едноставно имаше некоја хемија меѓу нас, будеше некое чувство во мене како што никој друг не успеал до тогаш. И не се излажав, добро е што ти дадов шанса, уште малку ни се ближи и третата годишнина и преубаво ми е со тебе, секој ден се повеќе те сакам. Добро е што прифатив да излезам со тебе и што не останавме само интернет пријателчиња. Те сакам.
Мило ми е за тебе, се надевам дека ќе успееш во зацртаните цели. Се надевам дека ќе ти биде толку добро и ќе заминеш толку далеку што ќе заборавиш на мене.
Не знам зошто уште ми се моташ низ глава. Имаше периоди кога не помислував на тебе. И има периоди кога се фаќам како постојано мислам на работи поврзани со тебе. Далечината е тука, останува да сум зафатена и да немам време да допирам до тебе. Што нема да биде проблем за мене. Се додека не ме исконтактираш на некој начин. Што доаѓа аут оф блу веќе. И тогаш не сакам да ги направам работите акуард, но имам потреба да те оставам зад себе или да те надминам. П.С. Ти ќе да си првиот официјален.
Фала ти што „си тука за мене“. Не знам како да го сфатам ова. Што значи тоа „треба да работиме на нашите односи, на нашата комуникација за да имаме подобра иднина“? За каква иднина зборуваш ти? Кај беше кога јас зборував дека требаше да се промени нашиот пристап еден кон друг? Сега веќе касно е.
Ништо не сум ти должна. Ни да ти се објаснувам, ни да ти се покорувам, ни па да ги послушам твоите „совети“. Доволно сум паметна за да знам што е најдобро за мене, а тоа не си ти.