успеа да ме расплачиш како што и увек знаеш и покрај тоа што ти кажав дека ми смета твојата незаинтересираност ти пак продолжуваш ме тераш засекогаш да се тргнам од тебе зашто ми го праиш ова ако ме сакаш???!!! ти никогаш не си ме ни сакал тек сеа го сватив тоа незнам зашто уште си со мене кога се понашаш најидиотски ке плачам и оваа ноќ ама верувај дека ова твое понашање не ти чини воопшто и секогаш знаеш мене да ме напраиш крива а знаеш и самиот дека сам си крив ахх таа твоја гордост и тој твој инат до никаде нема да те доведат Ќе плачам и оваа ноќ ама ке ми помине
Сакам да ти кажам дека сега после СЕ...се сеќавам само на убавите работи !!! Излезе ѓубре, кретен, идиот ...но не те мразам! Едноставно...не можам На крајот на краиштата ти благодарам за убавото лето, едно од најубавите лета во мојот живот Единствено нешто што сеуште ме боли е тоа што ме остави со милион неодговорени прашања, на кои и ден денес неможам да најдам одговор. Навистина, не го заслужив тоа...Не одговараше на моите повици, пораки...се криеше како *ичка ! ЗОШТООООО ???!!! Веројатно и никогаш нема да дознаам Не сум злобна, но со мал дел од мене посакувам да те заебат и тебе, па да почуствуваш и сфатиш како ми е мене сето ова време... Велат..." Се што е убаво трае кратко " За жал да...Те познавав толку кратко, но верувај ке те памтам предолгооо....Ахххххххх
Ме разбуди со пораката што ми ја прати,ама ако,сакам кога ќе ми пишеш дека ти фалам и дека ме сакаш.Те љубам!
Колку убаво си поминавме цуци леле Сакам пааак Гушкање,галкање,толење,водење љубов,ти во улога на секси инструктор за бордање Мозокот ми беше исклучен цели три дена и максимално уживав со секоја секунда!Благодарам за прекрасните денови
ААА имаш појма колку многу си личиш на .. Исти усни,косата,крупните очи и веѓитееееее!!!! А имаш појма колку многу си ми по требен?????? сакам да си крај мене,да те гушнам да си само мој...САМО МОЈ!! но не ти немаш појма за ова
Многу ми е жал кога се нервираш и кога не ти е добро, како дел од мене да се кине И тогаш те разбирам како ти е кога на мене ми викаш да не се нервирам зашто тебе повеќе те боли...
Љубов моја, да не гледам романтични филмови , ќе заборавам што беше тоа романтика! Ама нема врска тоа, таков си ти. И ко за беља уште сега ги мирисам ружите што ќе ми ги подариш за Валентин Али ајт, подобро некогаш него ли никогаш.
Teшко ми е и со тебе и без тебе... На тест - период си... кое ќе го одберам... Не те сакам, додуша немам никакво чувство за никого, така да не се секирај. Немој да се плашиш што сум ладна, конечно после 2 години можам да бидам. Се радувам за себе. Од тебе зависи дали ќе бидам млака. А жештината ќе ја нема во чувствата повеќе, ќе остане само во креветот.
Веќе ми недостигаш...замина синоќа, а веќе ми е празно без тебе....и не ми се оди дома кога знам дека нема да ја добијам дневната доза гушкање, лигавење, обожување...на која полека но сигурно се навлеков.... Сабајле кога станав и покрај ветувањето дека нема, јас пуштив две три солзички дека сама се разбудив.....не не личи на мене ова...јас и не сум лигла....па само 2 недели се........ Ех, во овие моменти посакувам помалку да те сакав....
Те сакам, те сакам многу, не можам без тебе знаеш?! Во последно време ми викаш дека не сум предземала иницијатива за онаа работа... да, така е. Како да ја губам желбата, некако се ми оди како шаблон, и можеби е до местото, најчесто е кај тебе. Не сакам да биде така... Сакам промени, повеќе адреналин, повеќе копнеж... те сакам најмило, не знам што ми е, не сакам да ме сфатиш погрешно, ќе ми помине наскоро, само имај трпение и разбирање кон мене важи?!