Те знам краток период, ама такво чувство ми будиш, тоа е чудо. Мојата и твојата енергија се склопуваат на невообичаен начин, уживаме во тоа и ништо не форсираме. Би се смеела везден со тебе.
Го сакам чувството на топлина и радост што ме исполнува кога сум блиску до тебе. Колку пати и да ти кажам дека те сакам, малку е. Луда сум по тебе. Пресреќна сум со тебе. Нека трае
Да можев одново да се родам и да почнеме сѐ одново ќе бевме најсреќни на свет. Ама не можеме. Товарот од минатото си го носиме со нас. Ни останува да уживаме во времето што сами од себе го крадиме за да си го дадеме еден на друг.
Ми фалиш Ама ајде мотивација си ми, да си ги завршам обврските во престојните недели, за после цело лето да си го имаме за нас.
Што ми направи? Јас, која секогаш остро се спротиставував на идејата за свадба, сега ја планирам нашата до најситен детаљ. Не сме ни верени Ама ти кажав: ти си единствениот со кој би го направила тоа
Не изреагира како треба, не се избори за нас! Ова беше последната епизода од серијата, во која јас и ти бевме главни ликови, нема продолженија, нема следна сезона, толку! Како ми е? - јас си знам!
Некогаш се плашам дека се' ова со тебе е само убав сон, дека ќе се разбудам и дека среќата ќе ми ја снема одеднаш... Знаеш ли колку ти се радувам, секој ден со тебе ми е како празник.
Ти благодарам што си ми најголема поддршка пред секое можно полагање и што ме охрабруваш дека можам, да не се плашам, да го победам стравот и анксиозноста во тие моменти. Што ли ќе правев да те немав, златен си ми.
Премногу значење ти дадов. И те преценив, мнооогу повеќе одколку што требаше. Знам дека се е лекција, дека се преживува и ова, знам дека сум за нешто подобро и поголемо од нашето ама ваква лекција не ми требаше.
Ни се ближи уште една годишнина. Како да беше се вчера, а поминаа години. Го памтам секој момент до детал со тебе, од првото запознавање Ти благодарам шо си таков прекрасен, шо ми го разубави животот и секој ден правиш подобра личност од мене. Еден живот со тебе ми е малку.