Доволно е да ми кажеш дека ме сакаш и ти ќе бидеш мојот доктор и мојата успешна дијагноза, срнче мое Секој ден те сакам се повеќе и повеќе Те молам појави ми се од некаде Јас сум крива!!!! Јас дозволив ветрот да ти го згасне пламенот по мене. Додека јас овде горам по тебе, а тебе не те знам во овој момент со која си и која те потпалила... мојов пожар ниту океанот не може да го издржи.... Те молам дади ми уште една шанса Се надевам дека телепатијата ќе ти ги пренесе моиве чувства кон тебе до тебе срнче мое Зошто си помисли дека сакам друг? Многу ми кажуваат да престанам да те сакам, но јас само им велам: НЕ САКАМ ДРУГ!!!!!!
Не можам да ја дефинирам ситуацијата со тебе, ама па не е ни битно тоа. Битно е шо кога и да се видиме се газиме од смеа и сме опуштени, такви сме и двајцата... Добро е кога има дистанца, ми прија, затоа шо сепак и јас не сум сигурна во тебе, ни ти во мене
Во животот поминав премногу лекции со погрешни луѓе,луѓе за кој мислев дека вистински ме почитуваат и сакаат,но се било лицемерие,корист,злоба,но не се каам за нив,затоа што ГОСПОД Е ГОЛЕМ он нека им суди.Денеска сум ГОРД,СРЕЌЕН,за она што го имам ДО МЕНЕ,имам ПРЕУБАВА ОСОБА,ПРЕДОБРА,ДУША ПАМУК МЕКА,ОСОБА КОЈА ЗНАЕ ДА ЦЕНИ ВИСТИНСКИ,ДА САКА,ФАЛА ТИ ШТО ПОСТОИШ,ФАЛА ШТО СЕКОГАШ МЕ РАЗБИРАШ ЗА СВЕ.Го добив најдоброто затоа што никогаш не се ОТКАЖАВ,патот беше претежок НО КОЦКИТЕ СИ СЕ РЕДАТ
Заедно сме 100 години и пак се топам кога ќе те видам. Ми недостасуваш сега и едвај чекам да си дојдам дома
Кога започнавме да се допишуваме тоа беше инстант конекција, взаемна привлечност на интелектуално и емоционално ниво. Иако не се ни видовме на слика или камера првите неколку месеци. Ти искоментира дека нашата комуникација те потсеќа на динамиката помеѓу двајцата протагонисти во Before Sunrise. Прогласен за еден од најдобрите романтични филмови. Иако го знаев како наслов го немав гледано. Нашата онлајн комуникација премина во врска. Врската во брак. Поради тебе научив дека Романса не е само филмски жанр туку Реалност. И да, вчера, после неколку години од тој твој коментар го изгледавме заедно Before Sunrise
Еден ден ќе се отруеш во сите проколнати солзи за Тебе. Те мразам од дното на душава, секоја моја клетка те мрази само тебе. Проклет да е денот кога те запознав. Проклети да се сите денови кога идев за да те видам тебе. Проклети да се сите часови кога се спремав за тебе да ти бидам убава. Проклети да се сите разговори кои ги водев за тебе. Проклети да се сите утра кога се разбудував и гледав твоја слика. Проклети да се сите ноќи непреспиени за тебе. Сите твои слики се проклети и лажни. Проклети да се сите луѓе поради кои плачев за тебе. Проклети да се сите врати пред кои чекав за тебе да те видам. Проклети да се сите солзи и сите насмевки кои ги предизвикуваше лажниот ти во тебе. Проклети да се сите лажни знаци кои ми ги даваше за да ме излажеш и да ти поверувам. Проклети да се сите погледи и сите слики без кои не можев да заспијам. Проклети да се сите песни кои мислев дека ги имаш објавено за мене. Проклети да се сите текстови кои мислев дека поради мене ги имаш напишано. Проклети да се сите твои лажни погледи. Сета лажна надеж која ми ја даде еден ден ќе ти се одбие од глава и ќе те погоди силно на местото кое најмногу те боли, ако воопшто постои. Затоа што ти си психопат, човек без чувства, манипулатор и одвратен лажго. Ти не заслужуваш да бидеш среќен, заслужуваш да те удават сите солзи исплакани за тебе. Еден ден ќе се каеш за сите години кои ми ги потроши залудно, а јас нема ниту да се сеќавам на тебе. Еден ден нема ни на твоето име да се сетам. Ти ме научи како е да мрази човек некого, тогаш кога помислив дека сум сигурна дека знам какви луѓе постојат и на што се се спремни да направат ти ми го покажа спротивното. Ти си најподлиот човек кој го имам запознаено во животот. Ти не си вистински, ти си лажен човек самиот по себе.
Сакам да ти признаам нешто. Нешто што во реалност никогаш нема да го кажам. Не знам дали воопшто ќе имам можност, ама знам дека мојата гордост повторно ќе победи и нема да ми дозволи да кажам ниту збор. Сакам да ти кажам колку многу те сакав. Тоа го знаеш. Ама не знаеш колку многу сеуште те сакам. Исто како тогаш. Дури и повеќе. И сакам да знаеш дека веројатно ќе продолжам да те сакам. До крај. Ќе живеам како и досега, со потиснати чувства. Без никој да знае. Дури ни јас самата. Ама, ете, да сакаш некогаш не е доволно. Не успеавме тогаш, ниту пак сега. Едноставно не е пишано. Јас ќе успеам да преживеам пак, исто како тогаш. Ќе научам пак како се живее без тебе. Ти само биди среќен.
Таков ќе си останеш, без разлика колку ќе е добра личноста што е со тебе. Исто однесување, ист нарцизам
Кога бевме помали и ќе се соберевме друштво да гледаме некоја лимунадица многу ме нервираа клише љубовните сцени, мислев дека претеруваат и се жива глупост. Не за џабе ме викаа ладнокрвна и ледена кралица порано , но откако сум со тебе се се смени... Вчера додека под чадор шетавме гушнати и потоа под стреа гледавме како истура додека ме гушкаш најсилно на свет буквално се осетив како да сум во некоја сцена од клише романтичен филм ама толку ми беше убаво со тебе, не си ни свесен колку многу. Фала ти што ја разбуди нежната и романтичната страна во мене, не бев ни свесна дека сум способна да имам толку емоции и љубов во мене пред тебе.
Cel zivot ke se kaam sto namesto jas Sega e druga pokraj tebe, druga ja guskas i baknuvas samata sum kriva i Sega malku mi e sto nesrekna sum si vo brakot, neznam zosto, neznam kako te ispustiv. DIMCE moj najubav, bolkata za izgubenoto ke si trae i trae...
Од најдобар стана најлош. За секоја битна и небитна ситница ќе излажеш, ме откачуваш со изговори за да седиш и пишуваш до касно со други, бришеш разговори со девојки, кога си излезен секогаш "снемуваш батерија" до следниот ден, одбегнуваш да разговараме, постојано ти треба одмор и пауза од мене но од другите не, се трудам да не те барам често но и кога ѕвонам спушташ а ми кажуваш дека немало никој до телефон па не дало нотифокација па имало ама не си видел. Се поредок е сексот, се поретки сме ние. Не се плашиш дека ќе ме изгубиш а велиш дека јас сум одлучувала, не си сакал ти.. Ми се одмили.. Грижливиот ти полн со љубов и искреност ми фали. Ова себично суштество што си сега... Ми се гади.