Точно 1825 дена. Одземам 30 од овие, рандом денови на кои не ми текнува баш од шо се јебено ретки, дека среќни. Воглавно денови у кои имало добар секс и многу алкохол. У меѓувреме, други мажи и жени околу нас, си испогрешивме, станав нешто што не го сакам, а и ти стана нешто што го мразам, а го сакам и не знам баш што си ми. Нашево е лудило, бунило, ќор сокак. Нашево е приказна со убав почеток, а јебено глуп крај, а мора да е крај. Зошто 1825 дена се 5 години. Нејќам ни ден плус горчина веќе. 1826тиот ден го заокружувам со постов. Збогум
Знаеш.. Иако сме во брак 6 години и имаме две прекрасни дечиња зашто мораше да ми направиш пред 4 години огромна грешка што не можам да ја вратам довербата во тебе?? Да ти простив неверство... Бидејќи те сакам и сеуште те сакам неможам да кажам дека си ми згрешил нешто друго освен тоа проклето неверство што ме демне години гледам се трудиш години да го заборавам "тоа" ама не можам! И после све ова ипак ќе ти кажам Те Сакам!
Љубовта не треба да биде драма и солзи. Треба да е блага како ванила и нежна како хризантема. Кога зимаш некого до себе треба да чувствуваш трепет на ангелската свила, не болка на крвава Марија. Позитивното можеби е што за момент болката ќе направи да се почувствуваш како Лана Дел Реј во песната ,,Bartender" со крш вино во рака, разлетана коса и размачкан креон од солзи на автостоперка, па ќе се насмевнеш и сфатиш колку е животот чуден. Се тресеш. Не постоиш... Но, тука си, и утре е нов ден.
Се плашам да си признам М. Дека и после толку време знам да помислам на тебе. Секогаш ли ќе ми бидеш болка во гради? Знаеш ли низ што поминувам поради тебе?
Ме привлекуваш иако знам дека не е правилно. Стомакот ми се собира во грутка кога ќе ми светне екранот на телефонот со твоето име. Пред средбите поминувам екстра време пред огледало. Те сонувам и те мислам повеќе од нормално. Дијагнозата е јасна - затресканост. А дали ќе се развие во нешто поголемо, којзнае. Само знам дека ми е убаво кога сум до тебе, цел немир ми го претвораш во смиреност, времето лета, два часа ми поминаа како минута, па и повеќе би останала. Но, си ветив дека нема да брзам. Затоа што имам талент сама да си ја уништувам среќата со непромислени потези. Не го знаеш тој факт за мене. Можеби ќе се отворам пред тебе и ќе ти дозволам да влезеш и во најтемните катчиња на срцево. Можеби, можеби... Сега за сега му се препуштам на моментот. Едно знам, многу ме привлекуваш и во мене будиш страст, копнеж, пеперутки и топлина. Останатото ќе го каже времето. Се надевам дека ќе останеш.
На 1000 парчиња се распаднав. Секоја ситница на тебе ме потсеќа. Го памтам моментот кога те засакав. Одамна беше, но ко вчера се сеќавам. Се плашам дека никогаш нема да ми помине, дека нема да дочекам ден, а да не помислам на тебе.
Понекогаш кога заспивам ми поминува пред очи првиот допир на твоите усни , раката твоја на мојот тил и твоите прсти во мојата коса .... и можеби ако доволно силно вдишам ќе го почуствувам твојот мирис , ќе ја почуствувам силата која ме повлече кон тебе и еве во овој момент сега како повторно да сме на истото место празна соба јас и ти . Немавме прошетки заеднички , не се држевме за рака покрај кеј , не се љубевме на клупите во парк и немавме прва или последна караница , ама ми остана во душава како нешто недоискажано , неизживеано и недовршено .... Можеби таа љубов беше онаа единствената , вистинската , можеби ни се лизна низ прстите и требаше да ја оставиме да продолжи да гори , а можеби е една од многуте , само да знаеш дека иако годините ти ја исшарале косата , иако веѓите нежно ти се спуштиле над очите , иако усните ти се собрале и го изгубиле сјајот на младоста , во истиот момент кога се појави твојата фигура пред мене и после толку поминати години , срцето ми прескокна еден такт , се стегна и слатка болка ми се разлеа во градиве ете ако ништо друго барем да ме потсети на тоа колку безгрижни бевме тоа последно лето .....
Имам толку мн да ти кажам, ама веќе немам сила за тоа. Се уморив од кажување, џабе е се кога ти си глув и слеп за да видиш мн работи. Понекогаш посакувам и да пробаш со друга, мислам дека само така ќе ти се разјасни што све претрпев за тебе. Можеби и си свесен, ама никогаш нема да признаеш. Фала ти што ме научи да си го ценам своето време. А можевме.... само ми е мн криво што веќе ја нема онаа чиста, безусловна љубов во мене, дури и по цена на моја штета...
Сакам да си среќен уште повеќе . Верувам во нас и нашите желби,да не се сомневаме туку да се бориме за уште поголема заедничка среќа
Пред 2 години не се откажав ни ден од нас а нема ни сега душата ми ја изгоре срцето ми го скрши Но јас пак исто те сакам... Ме гледаш со него и сигурно мислиш дека мојата насмевка е вистинска дека сум среќна но не душата ми гори... Му се вратив за да можам да се соземам да не полудам патејки по тебе тоа го гледат сите само не и ти иако знаеш дека порано го напуштив поради тебе... Што и да кажам е малку само душава ми знае колку срцето ми крвари по тебе Ќе чекам и знам ке го дочекам денот да ми се вратиш нема да се откажам од нас!
Земам длабоко здив и затворам очи. Посакувам да можев да разговарам со тебе за се и сешто и да бидам сфатена, ама не сум. Посакувам да можам да ти ги кажам сите чувства, се што сум и не сум,сите мои маани и доблести,да зборувам за моите желби ставови..Не можам.Не сме исти.Не си човек што ја разбира мојата тага,мојата среќа, некогаш и тежина носам а ти не си тој што ми ја трга од грбот.Тоа боли.Ќутењето боли. Мислиш дека некои ствари се небитни за муабет а токму тие мали ситници ме прават мене таа што сум.На моменти имам чувство дека ме потценуваш,дека не ми ја знаеш вредноста. Немам поддршка од тебе ни за работата што ја работам, се смените не ти чинат,ако сум прва зошто прва, ако е втора зошто втора,никако не ти одговара.И замисли, не можам да се раководам според тоа како тебе ти одговара, и јас имам душа и јас сакам да се наспијам и одморам. И со одгледување на детето не сме сложни.Се некој подобро знае од мене. Јас упорно правам како јас мислам ама ми е мака од борби водење. Перфекционист сум и не сакам мешање од никој. Ми е мака и што не ги правам работите кои порано ме правеле среќна,,а сега немам време за нив.Би имала време ако преземеш дел од обврските. Го гледаш ли ти тоа, гледаш ли дека ми фали нешто,пробуваш ли некако да ме направиш посреќна и поисполета?Јас мислам не. Некогаш јас имам чувство дека згрешив со тебе и тоа чувство ми дава страв.Не правиш со разговор тој страв да го снема,занемаруваш многу битни работи.Ти бегаат низ прсти.